Поголема е веројатноста Европејците и населението што што живе на источниот брег на САД да доживеат благи температури отколку замрзнување престојната зима, што е олеснување во однос на потенцијалните ограничувања за гориво за греење во време кога трошоците за енергија се зголемуваат.
Научниците од Службата за климатски промени Коперник, која вчера ги ажурираше изгледите за оваа сезона рекоа дека температурите веројатно ќе бидат значително над нормалните за време на шпицот на грејната сезона помеѓу декември и февруари.
Ненормално високите температури може да ја намалат побарувачката за природен гас, кој европските земји брзаат да го складираат. Војната на Русија против Украина ги поттикна цените на горивото на рекордни нивоа, што придонесе за зголемување на трошоците за живот во целиот регион.
Прочитај повеќе
Останува летното сметање на времето за да се заштеди струја?
Министерството за економија треба да ги измери ефектите за тоа како ваквата одлука би влијаела на потрошувачката на струја до 30. октомври.
10.10.2022
Европејците во очај се враќаат кон огревното дрво
Цените на дрвените пелети се речиси двојно зголемени на 600 евра за тон во Франција
08.10.2022
Париското метро со побавно и поладно возење во текот на зимата
Поладни работни простории за вработените, побавни ескалатори и намалена брзина на возовите.
02.10.2022
Научниците рекоа дека постои 50-60 проценти веројатност дека во Обединетото Кралство, поголемиот дел од брегот на Медитеранот и делови од централна Европа да има температури над просекот. Остатокот од континентот има 40-50 проценти шанса значително да ги надмине историските просеци.
Моделот Коперник ги спојува податоците од научниците од Велика Британија, Франција, Германија, Италија и САД. Програмата на Европската унија користи милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици за своите месечни и сезонски прогнози.
Сепак, има метеоролози кои не се согласуваат со ваквите прогнози. Комерцијалниот американски сервис за временска прогноза „Commodity Weather Group“ смета дека зимата во Европа најверојатно ќе биде постудена од минатата година и малку постудена од 10-годишниот просек, мерено преку бројот на денови за кои ќе биде потребно греење.
Тоа е начин да се користат температурите за да се измери побарувачката на енергија, при што повисоките бројки одразуваат повеќе студ и повеќе гориво што се согорува за греење.
Метеорологот Вилијам Хенеберг смета дека зимата во Европа најверојатно ќе биде нестабилна, обележана со променливи студени и благи периоди.
Континентот се бори да најде замена за намалените испораки на природен гас од Русија, што предизвика зголемување на сметките за потрошувачите и ги турка економиите на работ на рецесија.
Цените на бензините се повеќе од четири пати повисоки од вообичаените за овој период од годината. Германија предупредува на прекини на струја и рационализирање, а Велика Британија има најмала маргина на резервно напојување во последните седум години.
Постудена зима ќе ги намали шансите на Европа да ја помине оваа грејна сезона „релативно неповредена“, рече Катја Јафимава, виш научен соработник во Оксфордскиот институт за енергетски студии.
„Не може да се исклучат затемнувањата и затворањето на индустријата“, рече таа.
Метеоролозите внимателно ќе го следат Арктикот бидејќи таму постои појас од ветрови наречен поларен вител. Доколку тие ослабат, студениот воздух може да се излее на југ во САД, Азија или Европа.
Тешко е да се предвиди кога вителот може да се распадне, а Џуда Коен, директор за сезонски прогнози во „Atmospheric and Environmental Research“, поминал години во потрага по навестувања.
Еден потенцијален показател е количеството снег што се насобира низ Сибир во октомври, рече тој. Ако снежните врнежи се силни, некаде - Европа, Северна Америка или Азија - најверојатно ќе бидат разнесени со арктички бран.
Друг важен дел ќе биде високиот и нискиот притисок над Гренланд наречен Северноатлантска осцилација. Тоа е „еден од главните сигнали што влијае на Европа“, рече Бредли Харви, метеоролог од комерцијалниот прогнозер Максар.
Коперник, исто така, предвиде дека температурите низ речиси целиот континентален дел од САД ќе го надминат просекот, со сигурност од над 70 проценти во Тексас и другите делови на југот. Се предвидува и регионите Токио и Пекинг да избегнат прекумерен студ.
Шансата за дождови и снег под нормалата низ делови од централна Европа е поголема од 40 проценти, што потенцијално ќе влијае на речните текови и на скијачките патеки.
Во САД, северните држави се предвидува да добијат повеќе врнежи од нормалното, при што во делови од Орегон и Вашингтон се предвидува 60 проценти веројатност за влажно време.