Иранскиот парламент работи на нацрт-закон со кој би се вовела такса за бродовите што бараат безбедно минување низ Ормускиот Теснец, јавува новинската агенција „Фарс“ (Fars), повикувајќи се на анонимен функционер. Исто така се наведува дека планот треба да биде завршен следната недела и дека со него би се потврдила иранската контрола над Ормускиот Теснец – клучен поморски премин што поврзува некои од најголемите светски производители на нафта и гас во Персискиот Залив со остатокот од светот.
Овој тесен пловен пат практично е затворен откако САД и Израел започнаа напади врз Иран пред еден месец, а во меѓувреме стана една од централните точки на конфликтот. Во претходните недели само мал број бродови успеале да поминат, додека Иран ја зајакнува контролата - главно бродови поврзани со Иран или Кина, како и мал број што обезбедиле безбеден премин преку Исламската револуционерна гарда.
Законот што го подготвува Техеран би го формализирал едностраниот аранжман за кој веќе известува бродската индустрија, според кој од бродовите се бараат уплати до два милиона долари како неформална такса. Екипажите преку посредници биле прашувани за податоци за персоналот, товарот и рутата, а во одредени случаи и за плаќање надомест, иако практиката досега не била систематска.
Прочитај повеќе
Трамп ја засилува реториката: Иран да ги забрза преговорите, во спротивно нема да биде убаво
Претседателот Доналд Трамп му се закани на Иран со жестока воена акција, обидувајќи се да изврши притисок врз земјата да ги забрза преговорите за ставање крај на војната.
26.03.2026
Аларм од Вашингтон: Се разгледува сценарио со нафта од 200 долари
Администрацијата на Доналд Трамп анализира екстремни сценарија за цените на нафтата, вклучувајќи 200 долари за барел, додека војната со Иран ги зголемува ризиците од инфлација.
26.03.2026
Иран наплаќа такси од некои бродови за безбеден транзит низ Ормуз
Плаќања од дури два милиона долари по патување се бараат на адхок основа, ефикасно создавајќи неформална такса за водниот пат.
24.03.2026
Три шлаканици од Ормуз: Кога актуарите ги надвладуваат генералите
Сите зборуваат за нафта, за тоа дали барел е 108 или 110 долари. Тоа е само површината. Под хаубата, приказната е многу потемна.
25.03.2026
Воведувањето на таксата и гаранциите за безбеден премин отвораат сложени прашања за бродската индустрија, која се обидува да ги спаси екипажите и товарот што се заглавени во Персискиот Залив - но истовремено избегнува ризик од санкции и закани по безбедноста. Слободата на пловидба низ вакви клучни морски премини обично е загарантирана со меѓународното право.
„На крајот, прашањето е дали ќе му верувате на Иран за ова“, изјави на маргините на поморската конференција во Сингапур Аманда Бјорн, раководителка на секторот за побарувања за отштета во брокерската куќа за морско осигурување КРА (Cambiaso Risso Asia).
„Тоа дополнително ќе ја отежни глобалната трговија во која уживавме поради слободната пловидба во последните стотина години“, додаде таа.