Претседателот Доналд Трамп им порача на сојузниците кои се борат да дојдат до авионското гориво блокирано низ Ормускиот теснец, едноставно „да го земат“, тврдејќи дека САД веќе доволно го ослабнале Иран.
„За сите тие земји што не можат да добијат авионско гориво поради Ормускиот теснец, како Обединетото Кралство, кое одби да се вклучи во обезглавувањето на Иран, имам предлог за вас: прво, купете од САД, имаме доволно, и второ, соберете малку задоцнета храброст, одете во теснецот и едноставно ЗЕМЕТЕ ГО,“ напиша тој во објава на социјалните мрежи. „Тешкиот дел е завршен,“ рече тој. „Отидете и земете си го сопственото гориво.“
Претседателот исто така се пожали на недостигот на меѓународна поддршка за неговата војна во Иран, кажувајќи им на сојузниците: „ќе мора да почнете да учите како да се борите сами, САД повеќе нема да бидат тука да ви помогнат, исто како што вие не бевте тука за нас.“
Прочитај повеќе
Остар раст на цената на горивата во САД, највисок во последните четири години
Цената на бензинот во САД достигна над четири долари за галон, највисоко ниво од август 2022 година.
31.03.2026
Бесент вели дека САД ќе ја „повратат“ контролата врз Ормускиот Теснец
Тој не исклучува воена придружба на бродовите кои ќе минуваат низ теснецот.
30.03.2026
Иран цврсто го држи Ормуз, премиите за осигурување вртоглаво растат
Сообраќајот низ теснецот се намали од 135 на само шест брода дневно.
30.03.2026
Големото враќање на нафтата: Во теснец
Нафтата и гасот се вратија на светската сцена како главни двигатели на економијата.
28.03.2026