САД и Израел продолжија со нападите врз Иран неколку часа пред рокот што претседателот Доналд Трамп му го постави на Техеран да прифати план за прекин на огнот, што дополнително ги прави нејасни изгледите за брзо завршување на војната.
Американскиот претседател на Трут сошал објави и застрашувачка порака во која вели дека „цела една цивилизација ќе исчезне вечерва, никогаш повеќе да не се врати“.
Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде ќе преовладуваат поинакви, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто навистина револуционерно. Кој знае? Ќе дознаеме вечерва – еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран!
Прочитај повеќе
Сè освен отворање на Ормускиот Теснец е неприфатливо за Трамп
Трамп постави ултиматум до Иран: или договор за Ормускиот Теснец или масовни удари врз инфраструктурата. Техеран возвраќа со закани, додека цените на нафтата растат.
07.04.2026
Биткоинот паѓа додека истекува ултиматумот на Трамп за Иран
Најголемата криптовалута падна за дури 2,2 проценти и се тргуваше за околу 68.460 долари.
07.04.2026
Цената на европскиот гас расте додека Трамп се заканува со ескалација на војната со Иран
Референтните фјучерси пораснаа за 3,1 проценти, откако напреднаа за повеќе од 55 проценти од почетокот на војната.
07.04.2026
Трамп им се закани со затвор на новинари што известуваа за спасувачката мисија во Иран
САД спроведоа високоризична операција во Иран и спасија двајца пилоти. Мисијата вклучувала измами, воздушни напади и уништување сопствена опрема.
07.04.2026
Иранската полуофицијална новинска агенција „Мехр“ соопшти дека се слушнале експлозии на островот Харг, главниот извозен нафтен центар на земјата. „Фокс њуз“ објави дека САД гаѓале бункери, радарска станица и складиште за муниција, како и дека случајно бил погоден и пристанишниот дел на островот.
Иран во вторникот продолжи со напади низ Персискиот Залив, при што и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати пријавија ракетен оган.
Тековните борби укажуваат дека договор за ставање крај на конфликтот не е на повидок, при што Трамп се закани дека ќе уништи ирански електрани, мостови и друга инфраструктура доколку не се постигне договор до 20 часот по источновреме. Слободата на пловидба низ стратешкиот Ормуски теснец мора да биде дел од секој договор, изјави тој во Белата куќа во понеделникот.