Администрацијата на Доналд Трамп предупреди дека сајбер-напаѓачи поврзани со Иран ја таргетираат критичната американска инфраструктура, вклучувајќи ги системите за вода за пиење и енергетскиот сектор.
Нападите се насочени кон технологијата што се користи во водоводните и канализациските системи, заедно со владините објекти и услуги, соопштија Агенцијата за заштита на животната средина, ФБИ и други агенции во заедничка изјава во вторникот. Во предупредувањето не е наведено каде се случиле нападите.
„ФБИ и неговите партнери го издаваат ова соопштение за да се осигурат дека организациите се во најдобра позиција да се одбранат од експлоатација од страна на сајбер актери поврзани со Иран“, изјави Брет Ледерман, помошник-директор на сајбер-одделот на ФБИ.
Прочитај повеќе
САД и Иран договорија примирје пред истекот на рокот на Трамп
Пазарите реагираа со олеснување по договорот меѓу САД и Иран, но ризиците за Ормускиот теснец и глобалната енергија остануваат високи.
08.04.2026
САД водат „жешки“ разговори со Иран, Пакистан бара продолжување на рокот
Пред истекот на рокот за Ормускиот теснец, Пакистан побара две недели повеќе, а Трамп потврдува дека се водат „интензивни преговори“ со Иран.
07.04.2026
Напад врз ирански нуклеарен реактор носи ризик од радијација
Единствената оперативна нуклеарна централа на Иран на Персискиот Залив, свртена кон соседните арапски држави, би можела да стане цел.
07.04.2026
Нападите се слични на претходните упади од страна на групата „Сајберавенџерс“ (CyberAv3ngers), според соопштението. Организацијата ги таргетирала контролните уреди што се користат за водоводните и канализациските системи во 2023 година и има врски со Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, според американската влада.
Неодамнешните напади се насочени кон „логички контролери“ произведени од „Роквел аутомејшн“ (Rockwell Automation Inc) со седиште во Милвоки, соопштија агенциите. Во некои случаи, тие предизвикале „оперативни нарушувања и финансиски загуби“, според соопштението.