Администрацијата на Доналд Трамп побара од европските сојузници конкретни планови за обезбедување на слободната навигација низ Ормускиот Теснец по примирјето, соопшти висок функционер на НАТО. САД инсистираат дека сојузниците треба да презентираат оперативни планови што би овозможиле повторно отворање на теснецот во рок од неколку дена.
Барањето било претставено на средби помеѓу американските и функционерите на НАТО во Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот, каде што претседателот Доналд Трамп се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според извори, разговорите се дел од обидите на САД да обезбедат поддршка за повторно отворање на стратешката поморска рута, низ која минуваат околу 20 отсто од светските резерви на нафта и природен гас.
Иако коалицијата предводена до Британија со повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги и Европа, Јапонија и Канада, се обврза да помогне во повторното отворање на Ормускиот Теснец, засега нападите од Иран и Израел продолжуваат, што го одржува теснецот фактички затворен. Иран, пак, тврди дека нападите на Хезболах во Либан го кршат договореното примирје.
Прочитај повеќе
Џеј Ди Венс ќе ги води разговорите со Иран, Техеран тврди дека прекинот на огнот е прекршен
САД и Иран влегуваат во директни разговори, потпретседателот Џеј Ди Венс ќе ја предводи делегацијата во Исламабад, а првата рунда е закажана за сабота. Прекинот на огнот останува кревок.
09.04.2026
Руте: Разбирам зошто Трамп е разочаран, некои членки на НАТО потфрлија
Тензиите меѓу Трамп и НАТО ескалираат поради конфликтот со Иран и одбивањето на некои од сојузниците да помогнат. Се отвораат сериозни дилеми за иднината на Алијансата и можноста САД да го намалат своето влијание.
09.04.2026
Иран обвини дека е прекршен договорот за примирје со САД
Иран ја обвини Америка за прекршување на прекинот на огнот и најави дека преговорите се доведени во прашање.
08.04.2026
Ќе издржи ли кревкото примирје кога секој влече на своја страна?
САД и Иран постигнаа прекин на огнот, но тензиите во Либан и Ормускиот теснец продолжуваат.
08.04.2026
САД и Иран договорија примирје пред истекот на рокот на Трамп
Пазарите реагираа со олеснување по договорот меѓу САД и Иран, но ризиците за Ормускиот теснец и глобалната енергија остануваат високи.
08.04.2026
Затегнатите односи со НАТО се дополнително продлабочени откако некои членки одбија да им овозможат на САД да користат нивни воени бази за напади во Иран и да помогнат во обезбедувањето на теснецот додека трае конфликтот. По средбата со Руте, Трамп на социјалните мрежи порача дека Алијансата „не беше таму кога имавме потреба и нема да биде кога повторно ќе ни треба“.
Паралелно, најавено е дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе ја предводи американска делегација во Исламабад за директни преговори со Иран. Оваа дипломатска иницијатива доаѓа во време кога траењето на примирјето и отворањето на Ормускиот Теснец се клучни за стабилноста на глобалниот енергетски пазар.