Ормускиот Теснец, еден од најважните светски енергетски коридори, во изминатите денови беше сцена на сериозна ескалација, конфузија и безбедносни инциденти, откако спротивставени пораки од Абас Аргачи и Доналд Трамп предизвикаа хаос меѓу бродските оператори.
Во петокот иранскиот министер за надворешни работи објави дека теснецот е „целосно отворен“, што охрабри некои од танкерите заглавени во Персискиот Залив да се обидат да го продолжат патот. Еден танкер, кој комуницирал со индиските власти преку апликацијата Ватсап и електронска пошта, добил уверување дека преминот е безбеден. Но при приближување на околу 6,4 километри од иранскиот брег, бил пресретнат од иранската морнарица и принуден да се врати.
Во текот на следните 24 часа ситуацијата станала уште покомплицирана. Иако во саботата неколку брода успеаја да го поминат Ормускиот Теснец, поголемиот дел се откажале поради спротивставени сигнали и зголемени безбедносни ризици. До неделата сообраќајот речиси целосно запре, а американската морнарица заплени ирански товарен брод - прв ваков инцидент од почетокот на блокадата.
Прочитај повеќе
САД заплени ирански брод, расте сомнежот за мировните преговори
Тензиите во војната се засилија во текот на викендот, кога американската морнарица отвори оган врз товарен брод под иранско знаме.
20.04.2026
Трамп најави нови преговори со Иран во Пакистан - Ормуз останува затворен
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе испрати претставници во Пакистан на разговори за завршување на војната со Иран во понеделник навечер и повторно се закани дека ќе ја нападне цивилната инфраструктура ако Техеран не се согласи на договор.
19.04.2026
Хаосот во Ормуз и судирите во Либан ги поткопуваат шансите за договор
Иран денеска повторно воведе ограничувања за сообраќајот на бродови низ Ормускиот Теснец, а Израел нападна цели во Либан, поткопувајќи ги очекувањата за брз мировен договор што го најави американскиот претседател Доналд Трамп.
18.04.2026
Иран објави дека Ормуз е затворен, сопственици на бродови пријавуваат пукање
Радио-пораката пристигнала во време кога државната новинска агенција „Нур“ објави дека теснецот повторно е под „строга управа и контрола на вооружените сили“
18.04.2026
Според податоците од следењето бродови, во регионот остануваат блокирани најмалку 135 милиони барели сурова нафта и деривати. Иранските медиуми истовремено јавуваат дека нема да се дозволи премин на бродови поврзани со „непријателски“ држави, додека Техеран условува отворање на теснецот со укинување на американската блокада - услов што Вашингтон го одбива.
Дополнителна тензија се појави во саботата, кога индиски танкер бил нападнат во близината на островот Ларак. Според извори запознаени со настанот, мали чамци со вооружени лица отвориле оган кон бродот. Капетанот бил принуден да направи итен маневар и да се повлече од иранските води.
Инцидентот предизвика нов бран на паника - најмалку четири контејнерски брода го прекинале патувањето. Набрзо потоа иранските власти повторно објавија дека теснецот е затворен, а морнарицата на Исламската револуционерна гарда предупреди дека секое приближување ќе се смета за „соработка со непријателот“.
Во меѓувреме, дипломатските напори продолжуваат. Американски претставници најавија разговори во Исламабад, но Иран изрази скептицизам за можноста за напредок. Спорот останува длабок - САД бараат Иран да се откаже од збогатениот ураниум, додека Техеран поставува услови поврзани со прекин на огнот во Либан.
Нафтените производители од регионот внимателно ја следат ситуацијата. Тие не планираат зголемување на производството додека повеќе од 200 натоварени брода не го напуштат Заливот. Националната нафтена компанија на Абу Даби веќе разгледувала испраќање танкери, но се откажала поради ризикот бродовите да останат заглавени.
Настаните во Ормускиот Теснец уште еднаш ги нагласуваат кревкоста на глобалните енергетски рути и потенцијалот за брза ескалација со сериозни економски последици.