Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу малку веројатно“ дека ќе го продолжи двонеделното примирје со Иран, доколку договор не биде постигнат пред неговото истекување, додавајќи дека Ормускиот теснец ќе остане блокиран додека не се финализира спогодба.
Трамп во телефонско интервју во понеделникот рече дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс подоцна во текот на денот ќе отпатува за да ги продолжи преговорите во Пакистан, за кои наведе дека треба да почнат во вторник. „Не сакам да ме брзаат, па да направам лош договор. Го имаме сето време на светот“, рече Трамп.
На прашање за примирјето, кое го најави на 7 април, тој рече дека е „многу малку веројатно“ да го продолжи, додавајќи дека истекува во среда. Прецизираше дека рокот завршува „во среда навечер по време во Вашингтон“.
Прочитај повеќе
Иран со намера да се повлече од преговорите откако САД запленија брод
Преговорите меѓу САД и Иран висат на конец додека блокадата на Ормускиот Теснец и новите закани од Вашингтон ја туркаат кризата кон опасна ескалација.
20.04.2026
Хаос и неизвесност во Ормускиот Теснец: закани, пукање и прекини
Ормускиот Теснец повторно е затворен по само 24 часа „отворање“ - пукање врз танкери, хаос на море и милиони барели нафта заглавени во Персискиот Залив.
20.04.2026
Трамп најави нови преговори со Иран во Пакистан - Ормуз останува затворен
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе испрати претставници во Пакистан на разговори за завршување на војната со Иран во понеделник навечер и повторно се закани дека ќе ја нападне цивилната инфраструктура ако Техеран не се согласи на договор.
19.04.2026
Блокадата на Ормуз ги намалува шансите за мировен договор меѓу САД и Иран
Блокадата на Ормуз се заканува да ја продлабочи енергетската криза што ја тресе глобалната економија
19.04.2026
Нов нафтовод меѓу Ирак и Турција би го решил проблемот со Ормускиот Тесенц
Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, предложи изградба на нов нафтовод што би ги поврзал нафтените полиња во Басра, Ирак, со медитеранскиот нафтен терминал во Џејхан, Турција, за да се намали зависноста од Ормускиот Теснец, според турскиот весник „Хуријет“.
19.04.2026
Војната го буди стравот од стагфлација на глобалната економија
Првичните резултати паднаа на историски најниска точка
19.04.2026
Растот на цената на горивото ги брише авионските врски
Патниците со авиони треба да се подготват за повеќе непријатности во наредните месеци. Авиокомпаниите ширум светот ќе имаат се повеќе откажувања на летовите и приземјување на авионите за да се справат со огромното зголемување на цените на авионското гориво.
19.04.2026
Хаосот во Ормуз и судирите во Либан ги поткопуваат шансите за договор
Иран денеска повторно воведе ограничувања за сообраќајот на бродови низ Ормускиот Теснец, а Израел нападна цели во Либан, поткопувајќи ги очекувањата за брз мировен договор што го најави американскиот претседател Доналд Трамп.
18.04.2026
Индексот S&P 500 падна на најниско ниво во текот на сесијата по коментарите на Трамп, пред подоцна делумно да ги ублажи загубите. Цените на нафтата го продолжија растот, при што двете референтни сорти поскапеа за повеќе од пет отсто. Инвеститорите внимателно следат како и кога протокот на енергенси низ теснецот значително ќе биде обновен.
Цената на суровата нафта порасна додека САД ја одржуваат блокадата на теснецот, а морнарицата заплени брод под иранско знаме. Сепак, Трамп остана непопустлив: „Не го отворам“.
„Сакаат да го отворам. Иранците очајнички сакаат да биде отворен. Нема да го отворам додека не се потпише договор“, додаде тој.
Техеран соопшти дека нема планови да учествува во можни преговори — чија цел е формално завршување на седумнеделниот судир — иако конечна одлука сè уште не е донесена, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Исмаил Багаеи пред новинарите во понеделникот.
„Постојат различни показатели дека на американската страна нема сериозност за унапредување на дипломатијата“, истакна Багаеи.
Американскиот претседател наведе дека состанокот со Иран за мировните услови би можел добро да заврши за сите. Рече и дека би сакал лично да присуствува на разговорите, но не смета дека тоа е неопходно.
На прашањето дали очекува борбите веднаш да продолжат ако не биде постигнат договор, Трамп рече: „Ако нема договор, тоа секако би го очекувал“.
Иран го разгледува американскиот предлог доставен за време на посетата на началникот на пакистанската армија Асим Мунир, изјави Багаеи, според наводите на полуофицијалната Иранска студентска новинска агенција. Деталите од понудата не беа објавени.
i.