Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се очекува да пристигне во главниот град на Пакистан в петок вечер за можен втор круг мировни разговори со САД, според претставници во Исламабад запознаени со прашањето.
Американски тим за логистика и безбедност веќе се наоѓа во Исламабад за подготовка на разговорите, навеле претставниците во порака до новинарите, барајќи да не бидат именувани бидејќи дискусиите не се јавни. Се очекува втор круг мировни разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, рекле тие, без да наведат кога точно ќе се одржат преговорите.
САД и Иран требаше да одржат мировни разговори во пакистанската престолнина претходно оваа недела. Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите да го испрати потпретседателот Џеј Ди Венс во Исламабад во вторникот, откако на неодредено време го продолжи примирјето со Иран.
Прочитај повеќе
Како се приспособува побарувачката за нафта на новата криза?
Првите знаци на „уништување“ на побарувачката се појавуваат на пазарите на нафта, поради порастот на цените и појавата на недостиг на нафтени деривати.
24.04.2026
Доларот скокна на највисоко ниво во последните 10 дена откако се интевизираа тензиите меѓу САД и Иран
Сите валути во Групата 10 паднаа во однос на доларот.
23.04.2026
Трамп нареди да се потопат сите бродови што поставуваат мини во Ормускиот Теснец
Трамп нареди американската морнарица да отвори оган врз бродовите што поставуваат мини во Ормускиот Теснец, во екот на тензиите со Иран.
23.04.2026
Војната на Трамп предизвикува криза со хелиум, „невидливата“ суровина без која нема чипови
За разлика од поголемиот дел суровини, хелиумот не може синтетички да се произведе во обем кој е неопходен за индустријата
23.04.2026
Портпаролот на Амбасадата на САД во Исламабад одби да коментира, додека Амбасадата на Иран не одговори веднаш.