text size
Лудак се обиде да го убие претседателот и да ликвидира што е можно повеќе високи функционери од администрацијата на Трамп, напиша на X портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, опишувајќи го вооружениот напаѓач што упадна на традиционалната гала-вечера на дописниците од Белата куќа.
Таа посочи дека „политичкото насилство мора да запре“, наведувајќи и дека еден агент бил погоден со куршум во градите пред да реагира и да го неутрализира напаѓачот.
Според информации од безбедносни извори и разузнавачки извештај на кои се повикува „Блумберг“, осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален, со години постепено набавувал оружје пред нападот. Тој во август 2025 година купил пушка од оружарница во Торонс, Калифорнија, а две години претходно набавил полуавтоматски пиштол од продавница во Лондејл.
Прочитај повеќе
Американски функционери биле цел на напаѓачот на гала вечерата во Вашингтон
Нападот на престижниот настан во Вашингтон најверојатно бил насочен кон американски функционери, соопштија властите по инцидентот.
26.04.2026
Трамп: Осомничениот Кол Томас Ален е „осамен напаѓач“, истрагата е во тек
По хаосот и евакуацијата во хотелот „Вашингтон Хилтон“, Трамп порача дека настанот повторно ќе биде организиран во наредните 30 дена и ќе биде посилен, поголем и поубав.
26.04.2026
Пукање на гала вечера во Вашингтон: Доналд Трамп и Меланија се евакуирани, напаѓачот приведен
Се слушнале многу истрели, можеби дури 20-ттина
26.04.2026
Ален, кој има диплома по машинско инженерство од Институтот за технологија во Калифорнија и магистерски студии по компјутерски науки, патувал со воз низ САД - од Лос Анџелес до Чикаго, а потоа до Вашингтон, каде што се сместил во хотелот „Вашингтон Хилтон“ (Washington Hilton) неколку дена пред нападот, според американските власти.
Во документ што наводно го испратил до членови на семејството, а во кој увид имал „Блумберг“, осомничениот го опишува претседателот Доналд Трамп како „предавник“ и најавува дека ќе користи оружје со цел да ги минимизира жртвите, потпишувајќи се како ФФА (Friendly Federal Assassin).
Американските власти наведуваат дека истрагата сугерира оти целта биле високи функционери од администрацијата. Осомничениот засега не соработува со истражителите.
Случајот отвори и нови прашања за безбедноста на железничкиот сообраќај во САД, имајќи предвид дека патниците во возовите не се обврзани да пријавуваат оружје, за разлика од авионскиот сообраќај. И покрај тоа, некои од американските власти засега не поддржуваат промена на регулативите.
Ален се соочува со федерални обвиненија за употреба на оружје при насилен криминал и напад врз федерален службеник, а се очекуваат и дополнителни обвиненија. Тој треба да биде изведен пред суд во Вашингтон.