Новиот врховен лидер на Иран во четврток даде ретка изјава, ветувајќи дека нема да се откаже од нуклеарните или ракетните технологии на земјата и сигнализирајќи дека Техеран ќе ја задржи контролата врз Ормускиот Tеснец.
Исламската Република ќе ги „чува“ своите „напредни технологии“ како што ги чува сопствените граници, рече Мојтаба Хамнеи во писмена изјава. Таа ќе го „обезбеди регионот на Персискиот Залив и ќе го демонтира искористувањето на овој воден пат од страна на непријателот,“ додаде тој, мислејќи на виталниот теснец.
Хамнеи го замени својот татко Али, кој беше убиен на првиот ден од војната меѓу САД и Израел против Иран на 28 февруари. Тој не е виден или слушнат во јавност од неговото назначување, а неколку извештаи велат дека бил тешко повреден во истиот воздушен напад во кој загина неговиот татко.
Прочитај повеќе
Нафтата достигна рекордни 126 долари за барел по најавата дека САД разгледуваат воени опции за Иран
Прекин на огнот е во сила од почетокот на април, но неодамнешните напори за средба на преговарачите од двете страни досега не успеаја.
30.04.2026
ОАЕ им порача на купувачите да ја преземаат нафтата надвор од Ормускиот теснец
Испораките надвор од Ормускиот теснец покажуваат дека производителите бараат нови начини да ја пласираат нафтата до светските пазари.
28.04.2026
Војната со Иран досега ги чинеше САД вртоглави 25 милијарди долари
Пентагон предлага рекорден одбранбен буџет од 1,5 билиони долари
29.04.2026
Трамп го одбил иранскиот предлог, акциите веднаш паднаа
Трамп повторно го разниша Волстрит со тврд став кон Иран, додека скокот на нафтата ги намали надежите за пониски камати.
29.04.2026
САД и Иран покажуваат малку знаци дека ќе излезат од ќорсокакот и ќе се договорат за нова рунда мировни преговори, при што претседателот Доналд Трамп инсистира дека блокадата на неговата морнарица функционира.
Трамп за „Аксиос“ изјави дека блокадата на иранските пристаништа е „донекаде поефикасна од бомбардирањето“ и ја „гуши“ земјата со ограничување на извозот на нафта. САД сакаат Иран да се согласи на строги ограничувања за збогатување на ураниум и да ги предаде залихите на високо преработен ураниум.
Во исто време, американските воени команданти треба да го информираат Трамп за опциите, објави „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори. Централната команда, која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток, подготви план за краток бран напади за да се пробие застојот во преговорите, рече „Аксиос“.
Цената на нафтата значително варираше во четврток. Фјучерсите на брент првично се искачија на високо ниво од околу 126 долари за барел, пред да паднат на 114. Сè уште се зголемени за повеќе од 8 отсто оваа недела, бидејќи трговците ја земаат предвид можноста за враќање на непријателствата и продолжено затворање на Ормускиот Теснец. Завојуваните страни започнаа прекин на огнот околу 7 април.
„Трамп сака да ја заврши војната со Иран, но не под условите предложени од Техеран,“ рекоа Бека Васер и Крис Кенеди, аналитичари на „Блумберг Економикс“. „Тоа сугерира дека прашањето повеќе не е дали конфликтот ќе ескалира за да се дојде до подобра понуда, туку кога и како. Ние мислиме дека најверојатниот период за акција е во следните две недели, а дека обновените американски напади се најверојаната насока.“
Иран изјави дека нема повторно да го отвори теснецот за трговски бродови додека САД не ја укинат блокадата. Не е јасно колку време му останува на Иран пред да му се наполнат складиштата за нафта и да биде принуден да го намали производството.
Знаци на притисок врз иранската економија се појавија во последниве денови, при што валутата ослабна на ново ниско ниво.
Трамп во средата им рече на новинарите дека разговорите продолжуваат „телефонски“ меѓу двете страни по неуспешниот обид за средба во Пакистан за време на викендот.