Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД планираат значително да го намалат военото присуство во Германија и да повлечат над 5.000 војници, однсно можно е бројката да биде и повисока од првично најавената. Тој изјави дека „значително ќе се намали присуството“, без да наведе конкретни детали, додека одлуката веќе предизвика реакции во НАТО и меѓу американските политичари.
Според портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, министерот за одбрана Пит Хегсет наредил повлекување на околу 5.000 војници, кое треба да биде завршено во период од шест до 12 месеци. Одлуката, како што наведува Пентагон, е донесена по анализа на распоредот на силите во Европа и актуелните безбедносни потреби.
Најавата доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу САД и европските сојузници, особено околу американскиот пристап кон војната со Иран и безбедноста на Ормускиот теснец. Трамп веќе подолго време ја критикува Европа дека не дава доволна поддршка и најави дека Вашингтон ќе го преиспита своето воено присуство на континентот.
Прочитај повеќе
Трамп се закани со нови напади: Иран испраќа неприфатливи предлози
Претседателот на САД ја разгледува мировната понуда на Иран, но не ја исклучува можноста за нови воени удари, додека тензиите растат.
03.05.2026
5.000 американски војници заминуваат од Германија
Одлуката на Трамп предизвика бурни реакции и отвора нови прашања за иднината на американското присуство на континентот.
02.05.2026
Како приватни фирми стануваат дел од германската воена машина
Приватни компании сè повеќе стануваат дел од воениот систем, додека Бремерхафен се претвора во клучна стратешка точка за снабдување на Бундесверот.
02.05.2026
Руте: Разбирам зошто Трамп е разочаран, некои членки на НАТО потфрлија
Тензиите меѓу Трамп и НАТО ескалираат поради конфликтот со Иран и одбивањето на некои од сојузниците да помогнат. Се отвораат сериозни дилеми за иднината на Алијансата и можноста САД да го намалат своето влијание.
09.04.2026
Одлуката предизвика загриженост во НАТО. Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Алијансата може да се соочи со сериозни последици и повика на спречување на, како што рече, „катастрофален тренд“. Дополнително, и дел од републиканците во Конгресот изразија сомнеж, оценувајќи дека повлекувањето може да ја ослаби одбранбената позиција на САД во Европа и предложија војниците да бидат прераспоредени на источното крило на НАТО.
Околу 35.000 американски војници моментално се стационирани во Германија, каде се наоѓа и регионалната команда на САД за Европа. Земјата претставува клучна логистичка база, наследена од периодот на Студената војна, која се користи за операции поврзани со Блискиот Исток. Германија обезбедува и земјиште за базите без надомест, како и поддршка за американските сили.
Трамп истовремено најави и зголемување на царините за автомобили и камиони од Европската унија, што дополнително ги влошува односите со европските партнери. Неговиот претходен обид за повлекување трупи од Германија во 2020 година беше блокиран во Конгресот, а се очекува и овој потег да наиде на силен политички отпор во Вашингтон.