Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе започнат со придружба на дел од неутралните бродови заглавени во Персискиот Залив, извлекувајќи ги низ Ормускиот теснец почнувајќи од понеделник.
„Движењето на бродовите има единствена цел да им помогне на луѓе, компании и држави кои не направиле апсолутно ништо погрешно, тие се жртви на околностите“, напиша Трамп во неделата во објава на социјалните мрежи. „Доколку на кој било начин се попречи овој хуманитарен процес, тоа попречување, за жал, ќе мора да биде решено со сила.“
Трамп не даде дополнителни детали во објавата за конкретните чекори што САД ќе ги преземат за да им помогнат на бродовите да го напуштат теснецот. Централната команда на САД соопшти во неделата дека ќе обезбеди воена поддршка за обновување на комерцијалната пловидба низ Ормускиот теснец, вклучително и со воени бродови опремени со наведувани ракети, авиони и дронови.
Прочитај повеќе
Мирни води во Ормуз додека Трамп го одмерува предлогот на Иран
Танкерите се реткост, а дел од бродовите ги исклучуваат сигналите за да избегнат следење, зголемувајќи ја неизвесноста за глобалните енергетски текови.
03.05.2026
Трамп се закани со нови напади: Иран испраќа неприфатливи предлози
Претседателот на САД ја разгледува мировната понуда на Иран, но не ја исклучува можноста за нови воени удари, додека тензиите растат.
03.05.2026
Супертанкер со ирачка нафта помина низ Ормускиот теснец
Дел од бродовите гасат сигнали за да избегнат контрола, што дополнително ја зголемува неизвесноста на една од најважните светски енергетски рути.
03.05.2026
Светскиот лидер во контејнерски транспорт со нова рута го заобиколува Ормуз
Најголемиот контејнерски превозник во светот воведува нова рута што целосно го заобиколува Ормускиот теснец, пренасочувајќи го товарот преку копнени коридори.
02.05.2026
Иран достави нов предлог до САД, Ормускиот теснец останува затворен
Додека блокадата останува на сила и тензиите не попуштаат, Техеран и Вашингтон преку посредници се обидуваат да го извлечат кревкото примирје од застој и да го претворат во траен договор.
01.05.2026
Овој нов напор во моментов не вклучува придружба од американската морнарица, пишува „Волстрит журнал“, кој се повикува на неименуван американски претставник, туку претставува процес на координација меѓу државите, осигурителните компании и поморските организации.
„Нашата поддршка за оваа одбранбена мисија е клучна за регионалната безбедност и глобалната економија, додека истовремено ја одржуваме поморската блокада“, изјави адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда, во соопштение.
„Ал Мајадин“ (Al Mayadeen), во објава на Икс, го цитираше претседателот на Комисијата за национална безбедност на иранскиот парламент, кој предупреди дека секое мешање на САД во Ормускиот теснец би претставувало прекршување на примирјето.
„Управувањето со теснецот и заливот нема да биде диктирано од нереалните објави на Трамп“, го цитираше медиумот Ебрахим Азизи.
Цените на нафтата се стабилизираа бидејќи трговците се сомневаат во ефикасноста на планот на Трамп за Ормускиот теснец, додека танкер наводно бил погоден во водниот пат. Брент се движеше речиси без промена околу 108 долари за барел, откако на отворањето падна за дури 2,4 отсто, додека Вест Тексас беше под 102 долари.
Танкер пријавил дека бил погоден од проектили на 78 наутички милји северно од Фуџира, Обединети Арапски Емирати, соопшти Британската служба за поморска трговија. Иако бродот не е идентификуван, се наведува дека екипажот е безбеден.
Трамп изјави дека американските претставници водат „многу позитивни разговори“ со Иран, кои би можеле да доведат до нешто „многу позитивно за сите“, но не понуди дополнителни детали.
Претходно, Трамп навести дека најновиот мировен предлог на Исламската Република можеби нема да биде прифатлив за него, бидејќи напорите за ставање крај на конфликтот сè уште не покажуваат напредок.
Jim Lo Scalzo/EPA/Bloomberg
Иран ја разгледува реакцијата на САД на својот неодамнешен план од 14 точки, објави иранската телевизија, повикувајќи се на портпарол на Министерството за надворешни работи.
Најавувајќи го најновиот потег за Ормускиот теснец, Трамп рече дека бродовите кои ќе бидат опфатени со оваа програма — која ја нарече „Проект слобода“ — имаат големи екипажи кои остануваат без храна и други неопходни средства додека чекаат безбеден премин низ теснецот. Тој додаде дека повеќе држави побарале помош од САД за ослободување на нивните бродови.
„Во сите случаи, тие рекоа дека нема да се вратат додека областа не стане безбедна за пловидба и за сè друго“, напиша Трамп.
Стотици танкери, бродови за превоз на стока во големи количини и товарни бродови сè уште се задржани во Заливот, а земјите во регионот затворија значителен дел од производството на нафта бидејќи повеќе нема каде да се складираат новите залихи.
Цените на енергенсите нагло пораснаа поради блокадата на Ормускиот теснец, водниот пат јужно од Иран низ кој вообичаено поминува околу една петтина од светската нафта и течниот природен гас. Тоа предизвика загриженост во Белата куќа дека Републиканците би можеле да претрпат сериозен пораз на ноемвриските избори на средина од мандатот, додека Американците се соочуваат со високи цени на горивата.
Теснецот останува во сржта на ќор-сокакот. Откако Иран практично го затвори водниот пат, САД воведоа поморска блокада на пристаништата на Исламската Република, настојувајќи да ја притиснат нејзината економија и да ги прекинат извозите на нафта.