САД и Иран во средата се приближија кон нов предлог за ставање крај на војната. Американскиот претседателот Доналд Трамп бара излез од конфликтот што ги зголеми цените на енергенсите и му нанесе политичка штета.
Вашингтон предложил меморандум од една страница со кој постепено би се отворил Ормускиот теснец и би се укинала американската блокада на иранските пристаништа, наведува извор запознаен со ситуацијата, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на информациите. Деталните преговори за нуклеарната програма на Иран би следувале подоцна во процесот, при што лицето нагласило дека сè уште нема конечен договор.
Првичната понуда стави крај на хаотични 48 часа што ја покажуваат сложената позиција во која се наоѓа Трамп додека се обидува да ја смири енергетската криза што самиот помогна да се создаде со нападот врз Иран заедно со Израел кон крајот на февруари. Ова следуваше откако Трамп ја суспендираше краткотрајната американска мисија за обезбедување безбеден премин за трговските бродови низ теснецот, клучен поморски пат за нафта и гас.
Прочитај повеќе
Доларот падна на најниско ниво од почетокот на војната по извештајот дека крајот е близу
Bloomberg Dollar Spot Index падна за дури 0,8 проценти на најниско ниво од 26 февруари
06.05.2026
Трамп го паузира планот за безбеден транзит на бродовите низ Ормуз
Проектот „Слобода“ ќе биде паузиран за краток временски период за да се види дали договорот со Иран може да се финализира и потпише.
06.05.2026
Ирак дава огромен попуст на нафтата за купувачи кои ќе транзитираат низ Ормуз
Производителот на ОПЕК нуди попусти на официјалните цени од дури 33,40 долари за барел за својата водечка сурова нафта „Басра Медиум“.
05.05.2026
Јужна Кореја прв пат пријави оштетен брод во Ормускиот теснец
Експлозија и пожар на јужнокорејски брод во Ормускиот теснец ја засилија загриженоста на Сеул. Истрагата утврдува дали станува збор за напад или дефект, за среќа нема жртви.
05.05.2026
САД бараат поддршка од Кина и сојузниците за Ормуз
Американскиот секретар за финансии Скот Бесент ги повика сојузниците на САД и Кина да се приклучат на американската операција за придружба на бродови низ Ормускиот Теснец
04.05.2026
Дополнителен притисок создава и самитот со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, закажан за следната недела, кој веќе еднаш беше одложен во првите денови од конфликтот поради ситуацијата на Блискиот Исток.
Анкетите покажуваат дека незадоволството кај Американците од конфликтот расте на само шест месеци пред изборите на средина од мандатот, каде што трошоците за живот ќе бидат една од главните теми. Цените на бензините ја надминаа границата од 4,50 долари за галон првпат од јули 2022 година, според Американската автомобилска асоцијација. Овој тренд ги доведе во прашање прогнозите на Трамп, кој ветуваше дека цените на горивата нагло ќе паднат по завршувањето на војната.
Акциите пораснаа, а цените на нафтата се намалија во средата, при што американската сурова нафта се спушти под 100 долари за барел, додека инвеститорите ги следеа случувањата околу преговорите за војната.
Трамп во повеќе наврати за време на конфликтот тврдеше дека договорот е близу, но досега не беше постигнат. Тој за „Њујорк пост“ изјави дека можеби е „прерано“ да се размислува за директни разговори лице в лице за финализирање на таков договор.
Според лицето запознаено со процесот, Иран во следните два дена се очекува да испрати одговор преку посредникот Пакистан. Во меѓувреме, државните медиуми сигнализираа дека делови од американскиот предлог остануваат неприфатливи за иранското раководство.
„САД ќе ја прекинат воената кампања и ќе ја укинат блокадата на Ормускиот теснец доколку Иран се согласи на она што е договорено, што можеби е голема претпоставка“, напиша Трамп на социјалните мрежи во средата, без да открие детали од предлогот. „Ако не се согласат, бомбардирањето почнува.“
Во Израел, можниот договор предизвика загриженост, при што владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе продолжи со притисокот врз Иран сè додека земјата не биде целосно поразена и нејзините нуклеарни, ракетни и паравоени програми не бидат демонтирани.
Си-ен-ен објави дека Нетанјаху води разговори со американски претставници за подобро да ја разбере ситуацијата, повикувајќи се на неименуван израелски извор.