Европската Унија во наредните денови ќе додели близу 200 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора поради имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан. Ова го најави еврокомесарката за проширување Марта Кос, која денес учествуваше на состанокот на Советот за надворешни работи.
„Имам многу јасна порака – има место за сите земји од Западен Балкан во Европската Унија. Проширувањето е приоритет за ЕУ и ако кандидатите ги исполнат условите, тогаш и ние мора да го исполниме ветеното“, изјави Кос пред почетокот на состанокот.
Кос нагласи дека ЕУ веќе ги исполнува своите обврски, потсетувајќи дека по 17 години е воспоставена работна група за договор за пристапување на нова држава – Црна Гора.
Прочитај повеќе
Македонија и Западен Балкан добија порака од Брисел, прво реформи па пари
За Македонија се предвидени 750 милиони евра од Планот за раст, но ЕУ најавува дека парите ќе се исплаќаат само со конкретен реформски напредок.
20.04.2026
Трамп ѝ даде рок на ЕУ до 4 јули за потпишување на трговскиот договор
Фон дер Лајен изјави дека „двете страни“ остануваат „целосно посветени“ на спроведувањето на договорот.
08.05.2026
Европските акции паѓаат откако автомобилскиот сектор потона поради царините на Трамп
Автомобилските гиганти го влечат пазарот надолу откако Трамп се закани со царини. Истовремено, европските берзи заостануваат зад САД и Азија.
04.05.2026
Колку би биле пониски каматите на станбените кредити доколку Македонија беше во еврозоната?
Хрватска и Словенија, како членки на еврозоната, денес имаат убедливо најниски каматни стапки за станбени кредити во регионот.
11.05.2026
Капиталните инвестиции со добра реализација во првиот квартал, ќе има ли пари за до крајот на годината?
Владата објавува добри бројки за реализација на капиталните инвестиции, но финансирањето може да биде проблем.
06.05.2026
Македонија и регионот не се исклучок: Колку нè чини оваа војна?
Глобалната економија сè уште во голема мера зависи од нафтата, а блокадата на Ормускиот Теснец низ кој поминува една петтина од светското снабдување ја турка цената на барелот нагоре и последично ги зголемува цените на сè.
30.04.2026
Таа ја поздрави и целосната интеграција на Србија во Единствената европска платежна област (СЕПА), со што им се приклучи на Албанија, Црна Гора и Македонија, каде што веќе се воведени побрзи и поевтини меѓународни трансакции.
Минатиот месец Марта Кос предупреди дека земјите од Западен Балкан ризикуваат да изгубат над 700 милиони евра од Планот за раст доколку не ги завршат потребните реформи до крајот на грејс-периодот во 2026 година.
Во исто време Европската комисија испрати предупредувачка порака до Белград: Србија има место во Европската Унија, но само ако не назадува во владеењето на правото. Кос изјави дека од усвојувањето на спорните правосудни измени, познати во српската јавност како „закони на Мрдиќ“, Србија не добила ниту едно евро од европскиот План за раст. Формална одлука за замрзнување, според неа, нема, но исплати нема додека не се исполнат критериумите.
Пораката доаѓа во чувствителен момент за Србија, која веќе подолго време е под засилен надзор од Брисел поради состојбата со правосудството, медиумите, изборните процеси и односот кон протестите. Кос нагласи дека кандидатскиот статус не е само политичка декларација туку и обврска за напредок. Од земја кандидат, порача таа, се очекува да оди напред, а не да назадува во клучни области.
Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан изнесува 6 милијарди евра, од кои две милијарди евра се грантови, а четири милијарди евра се кредити. Програмата го опфаќа периодот 2024–2027 година.