Претседателот Доналд Трамп ќе биде првиот американски лидер по речиси една деценија што ќе ја посети Кина кога ќе слета во Пекинг во среда. Неговиот долгоочекуван самит со претседателот Шји Џјинпинг - одложен од март поради војната со Иран - им нуди на лидерите на двете најголеми економии во светот можност да ги обноват личните врски и да бараат заедничка основа за трговијата, технологијата и низа други спорни теми.
Со оглед на тоа што претстојат два дена разговори, еве ги прашањата што веројатно ќе доминираат на агендата.
Војната со Иран
Прочитај повеќе
Илон Маск, Џенсен Хуанг и Тим Кук со Трамп во Кина, ВИ е во центарот на вниманието
Џенсен Хуанг му се приклучи на бизнис тимот на Трамп на патувањето во Кина, ВИ чиповите и трговските односи се во фокусот на самитот во Пекинг.
13.05.2026
Трамп: Примирјето со Иран е „на апарати“
Американскиот претседател го нарече „ѓубре“ иранскиот одговор на неговиот предлог
11.05.2026
Американскиот трговски суд ги прогласи за незаконски најновите тарифи од 10 проценти на Трамп
Нов удар врз економската агенда на администрацијата, само неколку месеци откако Врховниот суд на САД ги поништи претходните давачки што ги воведе.
08.05.2026
Конфликтот меѓу САД и Израел со Иран е нов фокус на тензии меѓу Вашингтон и Пекинг. Трамп е под притисок да го прекине конфликтот што предизвика глобална енергетска криза и се очекува да изврши притисок врз Шји за односот на Кина со Исламската Република.
Кина е најголемиот купувач на нафта во Иран и обезбедува дипломатска поддршка за земјата на светската сцена. САД санкционираа неколку кинески фирми за купување нафта од Иран или обезбедување сателитски снимки на иранската влада. Трамп даде загадочни коментари на 21 април, сугерирајќи дека Кина евентуално обезбедила оружје или други потенцијално смртоносни воени залихи за Иран, велејќи дека САД фатиле брод со „подарок“ од Кина. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи ја отфрли „лажната поврзаност“ што го поврзува контејнерскиот брод под странско знаме со Кина.
Трамп минимизираше какво било негативно влијание на војната врз односите меѓу САД и Кина, велејќи дека има „одличен однос“ со Шји. Сепак, американските претставници изјавија дека приходите што Кина ги обезбедува за Иран, како и потенцијалниот извоз на оружје, ќе бидат дискутирани на самитот.
Пекинг им нареди на кинеските компании да ги побијат санкциите на САД насочени кон нивните купувања на иранска нафта, воведувајќи мерка за блокирање воведена во 2021 година, со цел да ги заштити своите фирми од странски закони што ги смета за неоправдани. Министерството за надворешни работи на земјата постојано изразуваше противење на она што го нарекува нелегални, еднострани санкции што влијаат врз кинеските компании и ги повика САД да избегнат пропаѓање на сегашниот прекин на огнот со Иран, наместо да „фрлаат кал врз Кина“.
Тарифи
Увозните тарифи што ги наметнуваат САД и Кина на стоките едни на други остануваат на сила по октомвриското примирје во трговската војна што ја иницираше Трамп откако се врати во Белата куќа.
Се очекува Шји и Трамп да побараат продолжување на детантот, со кој се намалија царините и се суспендирани некои предложени контроли на извозот на пратки производи, вклучувајќи кинески ретки земјини метали.
Давачките остануваат извор на тензии во односите. Кинеската влада долго време се жали на американските царини, но администрацијата на Трамп продолжува со истраги за трговските практики на Кина што би можеле да ѝ дадат можност да воведе нови увозни давачки откако претходните царини на претседателот беа поништени од Врховниот суд на САД во февруари.
Се појави една точка на усогласување со напорите на Кина да ја ограничи нелегалната трговија со фентанил. Трамп минатата година воведе царина од 10 проценти на кинеските стоки, специјално за да изврши притисок врз Пекинг да го спречи производството на синтетичкиот опиоид што предизвика криза со зависност и предозирање во САД. Царината подоцна беше зголемена на 20 проценти, а потоа намалена, пред да биде поништена од Врховниот суд, а администрацијата на Трамп се обидува да ја замени со нови царини.
Два дена пред пристигнувањето на Трамп, Кина соопшти дека разбила прекугранична мрежа за трговија со дрога во заедничка операција со САД, што сигнализира напредок по ова прашање.
Обврски за трговија и купување
Јапонија и Јужна Кореја презедоа големи обврски за инвестирање во САД или купување повеќе американски стоки како начин да ги исполнат барањата на Трамп за трговијата, а неговата администрација го следи истиот пристап со Кина.
Самитот веројатно ќе донесе деловни зделки и обврски за купување од Кина, потенцијално вклучувајќи историска нарачка на авиони од „Боинг Ко“. Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, им изјави на новинарите пред самитот дека договорите за земјоделство, воздухопловство и енергија се исто така предмет на дискусија.
Скот Кенеди, виш советник во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, рече дека САД се упатуваат кон самитот фокусиран на пет Б: „Боинг“, грав (beans), говедско месо (beef), Одборот за трговија (Board of trade) и Одборот за инвестиции (Board of investments).
Американските преговарачи ги претставија Одборите за трговија и инвестиции по разговорите во Париз во март како начин за формализирање на трговските текови меѓу САД и Кина, вклучително и извозот на земјоделски производи како што се соја и говедско месо, што Вашингтон се обидува да го прошири. Трговската војна ја натера Кина, најголемиот светски увозник на соја, да ги запре купувањата на некои американски култури со месеци минатата година, нарушувајќи го клучниот пазар за американските земјоделци, пред увозот да се врати по октомвриското примирје.
Инвестицискиот дел од преговорите се чини дека е помалку напреден, при што еден функционер на администрацијата изјави пред самитот дека нема моментални планови за голема нова програма на кинески инвестиции во САД.
Вештачка интелигенција
САД и Кина се во трка за лидерство во вештачката интелигенција и презедоа чекори за ограничување на пристапот до технологијата на другата страна.
Американските претставници изјавија дека планираат да изразат загриженост во врска со вештачката интелигенција и ќе ја истражат можноста за отворање нов канал за комуникација со Пекинг за редовно дискутирање на прашањата поврзани со новата технологија.
Владата на САД е загрижена дека кинеските програмери ги користат резултатите од најсовремените американски платформи за вештачка интелигенција за да произведуваат конкурентски системи за дел од цената. Во април, поради поплаките од американски компании, вклучувајќи ги „Open ej-aj“ (OpenAI Inc), „Антропик“ (Anthropic) и „Гугл“ на „Алфабет“ (Alphabet Inc), Белата куќа откри мерки насочени кон спречување на оваа практика, позната како „контрадикторна дестилација“.
Исто така, постојат тензии околу пристапот до пазарите на секоја земја и склучувањето договори. Неодамнешното барање на Кина до „Мета“ (Meta Platforms Inc) да го откаже своето преземање на стартапот за вештачка интелигенција „Манус“ (Manus) од 2 милијарди долари покажа колку е загрижена да го ограничи странскиот пристап до својата домашна технологија.
Кина долго време се жалеше на контролите на извозот на САД што ја ограничуваат можноста на кинеските компании да пристапат до најсовремените чипови од компании како што е „Енвидија“ (Nvidia Corp). Не е јасно колку истакнато ќе бидат овие ограничувања во разговорите. Во декември, Трамп се согласи да ѝ дозволи на „Енвидија“ да испорача помалку способен чип за забрзување на вештачката интелигенција на кинеските клиенти, Х200 (H200). Владата на САД треба да добие надомест од 25 проценти од „Енвидија“ за секој Х200 продаден на Кина.
Тајван
Тајван останува едно од најчувствителните и потенцијално нестабилни прашања во односите меѓу САД и Кина. Додека Кина го смета островот како дел од својата територија, САД воено ја поддржуваат самоуправуваната демократија и одржуваат цврсти, но неофицијални врски со својата влада.
Пекинг претходно побара од администрацијата на Трамп официјално да прогласи дека „се спротивставува“ на независноста на Тајван, отстапка што би претставувала голема дипломатска победа за Пекинг. Американски функционер им изјави на новинарите дека на самитот на лидерите не се очекуваат промени во политиката на САД кон самоуправниот остров.
Заменик-министерот за надворешни работи на Тајван, Франсоа Ву, кон крајот на април изјави за „Блумберг“ дека е загрижен дека островот може да биде „на менито“ за време на разговорите меѓу Трамп и Шји. Според сегашната политика на САД, Вашингтон го признава Пекинг како единствена влада на Кина без да го разјасни својот став за правниот статус на Тајван.
Денови пред самитот, Трамп беше прашан дали ќе разговара со Шји за предложената продажба на американско оружје на Тајпеј во вредност од 14 милијарди долари. Трамп рече дека ќе „ја води таа дискусија“ иако „претседателот Шји би сакал ние да не го правиме тоа“.
Критични минерали
Критичните минерали како што се ретките елементи - клучен извор на влијание за Пекинг - се појавија како бојно поле во економската конкуренција меѓу САД и Кина, со оглед на нивната важност за индустриите како што се одбраната и чистата енергија. Американските претставници се стремат да обезбедат подобар пристап до ретките елемнти и други материјали што Кина ги ограничи преку широка контрола на извозот.
Иако трговијата со овие производи се зголеми откако лидерите постигнаа договор во октомври, тековите остануваат под нивото од пред да бидат воведени контролите. И покрај напорите на Вашингтон да ги диверзифицира своите извори на критични минерали, САД веројатно се уште години далеку од намалување на доминацијата на Кина во рударството и преработката на ретки метали, според „Блумберг економикс“.
Во меѓувреме, Пекинг издаде нови правила насочени кон спротивставување на странските напори за префрлање на глобалните синџири на снабдување подалеку од кинеските добавувачи и ограничување на пристапот на Кина до клучни материјали и технологија. Иако Кина се чини дека е малку веројатно да се откаже од својата моќ врз ретките метали дозволувајќи им слободно да течат на други пазари, таа продолжува со поедноставени дозволи преку општи лиценци. Влијанието на овие мерки останува нејасно, при што глобалните купувачи изразуваат загриженост дека одобрувањата сè уште се бавни.