Шји Џјинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека прашањето за Тајван може да доведе до сериозен судир меѓу двете најголеми светски сили доколку не биде внимателно менаџирано, за време на нивната прва средба во Пекинг во рамките на првата посета на актуелен американски претседател на Кина по речиси една деценија.
На средбата одржана во Големата сала на народот, Шји Џјинпинг порача дека погрешното справување со прашањето за Тајван би можело да предизвика „судир или дури и конфликти“ меѓу двете држави и да ги доведе кинеско-американските односи во „многу опасна ситуација“. Изјавата беше објавена од кинеските државни медиуми уште додека разговорите меѓу двајцата лидери траеја, со што темата за Тајван веднаш беше ставена во центарот на вниманието.
Тензиите околу островот дополнително се засилија во последните недели поради најавениот американски пакет за продажба на оружје на Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија. Кина наедно побара од Вашингтон јасно да потврди дека не ја поддржува независноста на Тајван.
Прочитај повеќе
Трамп во историска посета на Кина, Шји најави уште поголемо отворање на економијата
Тајван се наметна како најчувствителна тема на разговорите, при што Шји предупреди дека погрешни чекори можат да доведат до конфликт. Истовремено, средбата меѓу Трамп и Шји внимателно ја следеа пазарите, при што кинеските технолошки акции забележаа пад.
14.05.2026
Трамп со слаби карти в рака на состанокот во Пекинг
Тајван, ретките метали и глобалната моќ се во игра на самитот што може да ги промени односите меѓу двете суперсили.
13.05.2026
Што да се очекува од самитот Трамп-Шји во Пекинг?
Конфликтот меѓу САД и Израел со Иран е нов фокус на тензии меѓу Вашингтон и Пекинг.
13.05.2026
Илон Маск, Џенсен Хуанг и Тим Кук со Трамп во Кина, ВИ е во центарот на вниманието
Џенсен Хуанг му се приклучи на бизнис тимот на Трамп на патувањето во Кина, ВИ чиповите и трговските односи се во фокусот на самитот во Пекинг.
13.05.2026
И покрај острите пораки, средбата започна во позитивен тон. Двајцата лидери нагласија дека постои простор за соработка и подобрување на односите меѓу двете земји. Трамп го пофали приемот во Пекинг и го нарече Шји Џјинпинг „голем лидер“, изразувајќи уверување дека односите меѓу Кина и САД „ќе бидат подобри од кога било“.
„Односите меѓу Кина и САД ќе бидат подобри од кога било досега“, изјави Трамп по церемонијата за пречек, која вклучуваше почесна гарда, свечена поворка и деца што мавтаа со знамиња пред почетокот на разговорите.
Во фокусот на дводневниот самит се очекува да бидат трговските односи, царините, прашањето за Тајван, како и актуелните геополитички тензии поврзани со конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Американскиот претседател најави дека негов приоритет ќе биде барањето Кина да ги намали трговските бариери.
Трамп пристигна во Пекинг придружуван од делегација составена и од влијателни американски бизнисмени, меѓу кои и директорот на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, како и Илон Маск од „Тесла“. Американскиот претседател изјави дека деловните лидери се во Кина за да ги зајакнат економската соработка и трговијата меѓу двете земји на „реципрочна основа“.
Во меѓувреме извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, на новинарско прашање за текот на самитот кусо одговори со подигнат палец, сигнализирајќи оптимизам за разговорите.
Иако односите меѓу Вашингтон и Пекинг се стабилизираа по минатогодишната средба на двајцата претседатели во Бусан, тензиите и натаму остануваат присутни. Меѓу главните спорни точки се кинеската доминација во снабдувањето со ретки минерали, американските ограничувања за извоз на напредни чипови кон кинески компании, како и различните геополитички интереси на двете држави.
Американскиот државен секретар Марко Рубио пред средбата изјави дека односите со Кина претставуваат „најголем геополитички предизвик“, но и најважен однос што САД мора внимателно да го менаџираат.