НАТО разговара за можноста да им помогне на бродовите да минуваат низ блокираниот Ормуски теснец доколку поморскиот пат не биде повторно отворен до почетокот на јули, според висок функционер во воената алијанса.
Идејата има поддршка од неколку членки на Северноатлантската алијанса, но сè уште ја нема потребната едногласна поддршка, изјави дипломат од една НАТО земја. Двајцата функционери зборуваа под услов на анонимност. Лидерите на НАТО земјите ќе се состанат во Анкара на 7-8 јули.
„Политичката насока доаѓа прва, а потоа следува формалното планирање“, изјави Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант на НАТО за Европа, кога беше прашан за можноста на прес-конференција во вторникот. „Дали размислувам за тоа? Апсолутно.“
Прочитај повеќе
Земјите од НАТО се подготвуваат за повлекување на повеќе војници од Европа од страна на Трамп
Високо рангирани дипломати од сојузниците во НАТО предвидуваат дека Трамп ќе објави повеќе повлекувања, веројатно вклучително и од Италија.
09.05.2026
Мерц вели дека Германија сака мандат од ОН за обезбедување на Ормускиот Tеснец
САД побараа конкретни обврски од европските сојузници за да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец откако ќе завршат борбите во Иран.
09.04.2026
Руте: Разбирам зошто Трамп е разочаран, некои членки на НАТО потфрлија
Тензиите меѓу Трамп и НАТО ескалираат поради конфликтот со Иран и одбивањето на некои од сојузниците да помогнат. Се отвораат сериозни дилеми за иднината на Алијансата и можноста САД да го намалат своето влијание.
09.04.2026
Може ли Трамп навистина да ги повлече САД од НАТО?
САД управуваат со мрежа од воени локации во Европа и рутински ги користат за проектирање моќ надвор од регионот, а не исклучиво за одбрана на европските сојузници на НАТО.
03.04.2026
Таков потег би претставувал промена во стратегијата на воената алијанса кон американско-израелската војна во Иран. Досега, сојузниците инсистираа дека би се интервенирале во теснецот само откако борбите ќе престанат и ќе може да се формира широка коалиција во која ќе има и многу земји кои не се членки на НАТО.
Но економските проблеми се продлабочуваат, бидејќи затворањето на теснецот предизвикува остро зголемување на цените на енергијата и пад на прогнозите за раст.
Ормускиот теснец е во блокада речиси од почетокот на војната
Depositphotos
Не е јасно точно како земјите од НАТО би можеле да гарантираат безбеден премин за комерцијалните бродови низ теснецот. Неодамнешен обид на САД да го направат тоа беше запрен во рок од неколку дена по започнувањето, и покрај значителните воени капацитети на Вашингтон.
Портпарол на Северноатлантската алијанса не одговори веднаш на барањето за коментар.
Иран првично го блокираше Ормускиот теснец - низ кој поминува околу една петтина од глобалните залихи на нафта и течен природен гас - откако САД и Израел започнаа бомбардирање на земјата кон крајот на февруари.
Преминот оттогаш стана извор на тензии меѓу САД и европските сојузници во НАТО, кои одбија да ги исполнат барањата на претседателот Доналд Трамп да помогнат во повторното отворање на теснецот.
Трамп повеќепати реагираше со лутина на оваа ситуација, а Вашингтон неодамна најави дека ќе повлече 5.000 војници од Германија.
Високиот функционер на НАТО изјави дека иако дел од сојузниците сè уште се против овластување на мисија на алијансата за теснецот, тие би ја поддржале идејата доколку блокадата продолжи.
Дипломатот на НАТО рече дека неколку сојузници навистина поддржуваат интервенција за повторно отворање на теснецот, но предупреди дека други сè уште се воздржани од страв да не бидат вовлечени во конфликтот.
Некои членки на НАТО, како Шпанија, јасно се спротивставија на војната. Мадрид дури им забрани на САД користење на неговиот воздушен простор и бази за напади врз Иран.
Сепак, повеќето сојузници тивко дозволија пристап до нивните бази за логистичка поддршка.
Коалиција предводена од Франција и Обединетото Кралство исто така развива план за обезбедување на навигацијата во Ормускиот теснец откако борбите ќе стивнат. Некои земји дури имаат позиционирано средства во регионот.
Тоа сепак не било доволно да го смири Трамп, чиј гнев е насочен особено кон Германија. Засега, сепак, САД немаат испратено формално барање за учество на НАТО во теснецот, објави претходно „Блумберг“.