Иран предупреди дека ќе возврати подалеку од Блискиот Исток ако САД или Израел ги обноват нападите врз Исламската Република. Предупредувањето доаѓа по новите закани од претседателот Доналд Трамп.
САД и Иран изгледа се заглавени во обидите да го претворат кревкото примирје во траен мир, при што ниту една страна не ја намалува агресивната реторика во последниве денови.
Трамп доцна во вторник рече дека би можел да нареди нова рунда напади во наредните денови, обидувајќи се да го натера Иран да направи отстапки околу неговата нуклеарна програма и да го отвори Ормускиот Теснец за да се намалат цените на енергијата.
Прочитај повеќе
Трамп прво откажа напад врз Иран, па најави нов „силен удар“
Трамп повторно ја отвора вратата за воени напади врз Иран во наредните денови, додека тензиите на Блискиот Исток растат, а енергетските пазари и Ормускиот теснец остануваат под силен притисок.
19.05.2026
НАТО размислува за интервенција во Ормускиот теснец
НАТО размислува за можна интервенција, додека енергетските пазари се тресат, а Трамп притиска за поддршка.
19.05.2026
САД и Иран далеку од договор за Ормуз, дрон удри во електрана во ОАЕ
САД и Иран и натаму изгледаат далеку од постигнување договор за завршување на војната и повторно отворање на клучниот Ормуски Теснец откако напад со дрон предизвика пожар во нуклеарна централа во ОАЕ
17.05.2026
САД и Иран заглавени околу повторното отворање на Ормуз, снабдувањето со нафта се затегнува
Белата куќа се соочува со дилема: како повторно да го отвори теснецот, да ги намали глобалните цени на енергијата и да го заврши сè понепопуларниот конфликт што предизвика најголемо нарушување на снабдувањето со нафта во историјата пред меѓуизборите во ноември.
17.05.2026
„Ако агресијата против Иран се повтори, регионалната војна што беше ветена овој пат ќе се прошири надвор од регионот,“ соопшти во средата Исламската револуционерна гарда, според полуофицијалната новинска агенција „Тасним“. Гардата, која добија уште поголемо влијание врз иранското одлучување откако војната избувна кон крајот на февруари, ветија „разорни удари на места каде што не очекувате.“
Иран испука дронови и ракети кон неколку земји кога САД и Израел ја започнаа војната. Освен Израел и арапските држави од Заливот, меѓу нив беа и Турција и Кипар. Иако иранската војска беше жестоко погодена од воздушни напади до постигнувањето на примирје на 8 април, таа сè уште има способност да напаѓа други земји.
„Се надевам дека нема да мораме да ја водиме војната, но можеби ќе мораме да им зададеме уште еден голем удар,“ изјави Трамп пред новинарите. На прашањето колку долго ќе чека, рече: „Два или три дена, можеби петок, сабота, недела. Можеби до почетокот на следната недела.“
Цените на нафтата се стабилни оваа недела, со брент околу 110 долари за барел. Но тие остануваат повисоки за 80 отсто оваа година. Тоа помогна да се предизвика распродажба на државни обврзници ширум светот во изминатата недела, со растечка загриженост кај трговците за инфлацијата.
Иран досега одби да ги исполни барањата на Трамп да се откаже од збогатениот ураниум или да се согласи никогаш повеќе да не го обработува радиоактивниот материјал. Техеран инсистира дека го збогатува ураниумот за нуклеарна енергија, додека Вашингтон стравува дека сака да изгради атомска бомба, нешто што иранските лидери секогаш го негирале.
Двојната поморска блокада е исто така клучна точка во спорот. Техеран бара САД да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа пред да го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален сообраќај, вклучувајќи танкери со нафта и течен природен гас.
„По речиси три месеци војна, целите на Трамп изгледаат далеку од постигнати, а Иран излегува повреден но охрабрен со нова глобална моќ,“ рекоа аналитичарите на „Блумберг економкис“ Дина Есфандиари, Бека Васер и Зиад Дауд. „Ризикот од понатамошна ескалација останува бидејќи двете страни се премногу далеку за договор - но понатамошното војување веројатно нема да донесе стратешки пробив.“
Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изрази малку попозитивен тон за преговорите, кои главно ги посредува Пакистан, иако рече дека е можна нова рунда борби.
„Мислиме дека постигнавме голем напредок; мислиме дека Иранците сакаат договор,“ рече тој во вторникот.
Повторното започнување на воената кампања е „опција Б,“ рече Венс. „Но тоа не е она што претседателот го сака. И не мислам дека тоа го сакаат Иранците.“
Министерот за внатрешни работи на Пакистан, Мохсин Наќви, е во Техеран по втор пат за помалку од една недела за разговори со ирански официјални лица, јави државната новинска агенција ИРНА, цитирајќи пакистански дипломатски извор.
Во понеделникот, Трамп рече дека се воздржал од нови напади на барање на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати - три клучни сојузници на САД на Блискиот Исток.