САД и Иран се приближуваат до постигнување договор што би довел до повторно отворање на Ормускиот теснец, изјавија високи американски претставници, додека американскиот претседател Доналдт Трамп порача дека нема да „брза“ со финализирање на договорот.
Според американски претставници, преговорите сè уште траат и ништо не е подготвено за потпишување, бидејќи двете страни работат на прецизирање на клучните одредби. Тие додаваат дека до конечна согласност би можеле да поминат уште неколку дена.
Од иранска страна, полуофицијалната новинска агенција „Тасним“ објави дека нацрт-договорот би можел да пропадне поради несогласувања околу неколку точки, меѓу кои и барањето на Техеран за одмрзнување на иранските средства.
Прочитај повеќе
Рубио: „Голема вест за договорот би можела да стигне за неколку часа“
Се наѕира ли крај на блокадата што го потресе глобалниот енергетски пазар или станува збор за преран оптимизам?
24.05.2026
Трамп: „Договорот со Иран е пред финализирање“
Трамп најавува мировен договор и отворање на Ормускиот теснец, но Иран тврди дека клучните разлики сè уште не се надминати.
24.05.2026
Пакистан и заливските земји во мисија за спас на мирот
Привремениот прекин на огнот накратко ги намали тензиите, но клучните прашања и натаму остануваат нерешени, оставајќи ја судбината на регионот и светските пазари неизвесна.
23.05.2026
ОАЕ, Саудиска Арабија и Катар го молат Трамп да му даде шанса на мирот
Арапските земји богати со нафта се плашат од хаос во нивните економии доколку продолжи војната со Иран
22.05.2026
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на иранскиот систем му е потребно време за да одговори на американските предлози, но додаде дека е „многу уверен“ дека евентуален договор би бил позитивен и дека дипломатското решение е прв избор на администрацијата на Трамп.
„Мислевме дека можеби ќе имаме вести синоќа. Можеби денес“, изјави Рубио пред новинарите за време на посетата на Индија.
Во меѓувреме, светските пазари реагираа на информациите за можен договор. Цената на суровата нафта падна на најниско ниво во последните две недели, додека глобалниот репер брент забележа пад од околу шест проценти.
Трамп во објава на социјалните мрежи оцени дека односите меѓу Вашингтон и Техеран стануваат „попрофесионални и попродуктивни“, но нагласи дека Иран не смее да развие или набави нуклеарно оружје. Тој додаде дека американската блокада на Ормускиот теснец ќе остане во сила сè додека не биде постигнат конечен договор.
Сепак, според американски извори, рамковниот договор засега не го опфаќа иранскиот ракетен арсенал, ниту содржи експлицитна забрана за збогатување ураниум - две прашања што претходно беа меѓу клучните барања на Трамп. Тоа веќе предизвикува незадоволство кај дел од републиканските безбедносни кругови во САД.
Иранските медиуми, пак, остануваат претпазливи. Според „Тасним“, Вашингтон и Техеран и натаму имаат несогласувања околу „една или две одредби“, додека агенцијата „Фарс“ ги оцени тврдењата на Trump дека договорот е „во голема мера договорен“ како „далеку од реалноста“.
Нуклеарната програма на Иран останува едно од најспорните прашања. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран е подготвен да му гарантира на светот дека не се стреми кон развој на нуклеарно оружје и дека не сака нова нестабилност во регионот.
Според американски претставници, САД планираат да ја укинат блокадата како дел од предложениот договор, а Иран начелно се согласил да се ослободи од високо збогатениот ураниум. Сепак, Вашингтон засега не планира одмрзнување на иранските средства, а евентуалното олеснување на санкциите ќе зависи од тоа дали Техеран ќе ги исполни обврските од договорот.
Американските власти додаваат дека очекуваат Иран да се обврзе на ограничување на збогатувањето ураниум како дел од конечниот договор, со цел да се обезбеди механизам што ќе спречи развој на нуклеарно оружје.
Иран, од друга страна, сè уште официјално не ги потврдил овие детали и повторува дека има намера да го задржи својот ураниумски арсенал.
Според „Аксиос“, предложениот договор би вклучувал продолжување на актуелниот прекин на огнот за дополнителни 60 дена, период во кој Ормускиот теснец повторно би бил отворен, а Иран би можел повторно да извезува нафта.
Во нацрт-договорот, според извештаите, е предвиден и прекин на конфликтот меѓу Израел и Хезболах во Либан, иако останува неизвесно дали Израел би ги прифатил тие услови.