text size
Британскиот министер за бизнис Питер Кајл изјави дека Кир Стармер размислува за „политичките реалности“, додека се шират извештаи дека британскиот премиер наскоро би можел да објави временска рамка за своето заминување пред враќањето на неговиот ривал за лидерската позиција, Енди Барнам, во Парламентот.
„Разговараше со многу, многу широк круг луѓе, вклучително и со мене“, изјави Кајл за „Скај њуз“ во интервју во неделата наутро. „Воедно работеше многу напорно и овој викенд. Мислам дека одвојува време да размисли за политичките реалности, предизвици и можности со кои се соочува.“
Bloomberg
Позицијата на Стармер е под досега невиден притисок откако Барнам минатата недела убедливо победи на дополнителните парламентарни избори, покажувајќи им на своите колеги лабуристи дека има капацитет да ги победи десничарските популисти од „Реформ УК“ (Reform UK) на Најџел Фараж, партија што повеќе од една година води во националните анкети. Mнозинство од кабинетот на премиерот смета дека е неизбежно Барнам да го замени Стармер, според лица запознаени со размислувањата на повеќе од 15 министри кои во петокот разговарале со „Блумберг“.
Прочитај повеќе
Британската полиција го уапси Менделсон под сомнение за злоупотреба на службената положба
Британската полиција го приведе Питер Менделсон, поранешен висок функционер од редовите на лабуристите, по објавени документи што наводно покажуваат споделување чувствителни информации со Џефри Епстајн.
23.02.2026
Британската економија со разочарувачки раст, ново искушение за Стармер
Растот на БДП во четвртиот квартал изнесуваше само 0,1 процент, што е помалку од прогнозите.
12.02.2026
Уште еден советник на Стармер си поднесе оставка
Кир Стармер вети дека ќе продолжи со својата агенда, откако заминувањето на втор висок советник во рок од 24 часа ја направи сè потешка контролата на британскиот премиер врз власта.
09.02.2026
Кој би можел да го замени Стармер - шестмина лабуристи во трка по слабеењето на позицијата на британскиот премиер
Контроверзиите, ниската поддршка и внатрепартиските правила ја ставија иднината на британскиот премиер Кир Стармер во фокус, а неколку имиња се појавуваат како можни алтернативи за негов наследник.
07.02.2026
Стармер преку односот кон Европа бара начин за борба против Фараж
Членови на администрацијата на Стармер се залагаат тој да ja прекине претходнaта претпазливост за Брегзит и да ја доближи Велика Британија многу поблиску до ЕУ.
25.10.2025
Весникот „Обсервер“ во неделата објави дека Стармер се подготвува да утврди временска рамка за своето заминување, откако заклучил дека неговата позиција повеќе не е одржлива. Одлуката би можела да следува уште во понеделник, наведува весникот, повикувајќи се на неименувани високи функционери на Лабуристичката партија.
„Немам причина да верувам дека тие информации се точни“, изјави Кајл за „Скај“, осврнувајќи се на таквите извештаи. Тој одби да учествува во „шпекулациите, за кои знае дека постојат“ околу лидерството во Лабуристичката партија.
Кајл рече дека не разговарал со премиерот по „многу деталниот“ разговор во петокот. Одби да открие што било кажано на состанокот, кој според него бил „личен“ и „приватен“. Тој исто така изјави дека му испратил порака на Барнам за да му честита, но дека не добил одговор.
Говорејќи подоцна за Би-би-си, Кајл рече дека Барнам е еден од многуте луѓе во Лабуристичката партија кои ги имаат „квалификациите, темпераментот и квалитетите да станат премиер“, а навести дека би прифатил доколку добие можност да биде дел од кабинет предводен од Барнам.
„Го вложив целото свое срце и душа во реиндустријализацијата на нашата економија, во обезбедувањето раст и поддршка за секторите со висок потенцијал за раст. Ја сакам оваа работа“, рече тој. „Ако некогаш добијам можност да ѝ служам на лабуристичка влада правејќи вакви работи, секако дека ќе ја прифатам со двете раце, бидејќи тоа е привилегија на животот, а притоа ги менува животите на луѓето и создава работни места низ целата земја.“
Охрабрен од највисокиот рејтинг на популарност меѓу високите британски политичари, 56-годишниот Барнам јасно стави до знаење дека има намера да го предизвика Стармер во трката за премиерската функција. Поранешниот министер за здравство Вес Стритинг исто така изјави дека би учествувал во евентуална трка, додека Стармер — барем јавно — вети дека ќе продолжи да се бори, оценувајќи дека Британците нема да им простат на лабуристите ако се впуштат во лидерска битка на сметка на управувањето со државата.
Стармер е оптоварен со низа политички позиции што беа непопуларни во Лабуристичката партија, како и со скапи политички пресврти и рекордно ниски рејтинзи. Откако лабуристите минатиот месец претрпеа катастрофален резултат на локалните избори, на кои и „Реформ УК“ и Зелените остварија значителни придобивки, речиси една четвртина од пратениците на неговата партија побараа тој да се повлече.
„Се чини дека стигнавме до крајот на патот“, изјави за Би-би-си, пратеничката Џес Филипс. Заминувањето на премиерот да биде „колку што е можно подостоинствено“ и оставањето одлуката во одредена мера да биде „во рацете на Кир Стармер“ изгледа како „најдоброто можно решение, наместо следната недела да се претвори во огромна расправија во која сите ќе се караат меѓусебно“.
Сепак, друг лабуристички пратеник, Тоби Перкинс, изјави за Би-би-си дека Стармер „заслужува малку време“ и дека „не верува дека ова е влада што очигледно не успева“.
Барнам треба следната недела да положи заклетва како пратеник, со што автоматски ќе ја загуби функцијата градоначалник на Голем Манчестер. Тоа ќе предизвика дополнителни избори во Манчестер, а за лабуристите ќе биде приоритет да ја задржат градоначалничката позиција.