text size
Претседателот Доналд Трамп направил повеќе од 21.000 тргувања со хартии од вредност во првата година од неговото враќање на функцијата, честопати во интензивни напливи поврзани со пазарните настани што ги создаде самиот.
Вкупната вредност на тргувањата во долари била некаде помеѓу 600 милиони и 1,86 милијарди долари, според неговата годишна финансиска пријава за 2025 година, којашто ги наведува вредностите во широк опсег. Многу од трансакциите вклучуваат големи компании кои имаат бизнис со федералната влада.
Трамп во просек направил 85 тргувања по пазарен ден, покажува анализата на извештајот. Само во 10 дена се содржани околу 25 отсто од сите тргувања извршени во 2025 година. Многу од нив се случиле за време на зголемена нестабилност на Волстрит кога Трамп најавувал промени во политиките.
Прочитај повеќе
Трамп пријави најмалку 1,4 милијардa долари заработка од криптовалути во 2025 година
Приходите од криптовалути далеку ги надминале заработките на Доналд Трамп од хотелите и голф-одморалиштата, според најновата годишна финансиска пријава.
01.07.2026
Врховниот суд ја прошири моќта на Трамп да отпушта високи функционери
Поделениот Врховен суд на САД ја прошири моќта на претседателот да разрешува високи владини функционери. Ова е значајна одлука што и дава на Белата куќа цврста контрола врз десетици агенции кои долго време функционирале независно.
29.06.2026
Трамп тврди дека Мелони го молела за фото, таа вели дека тој измислува
Нова вербална војна помеѓу американскиот претседател и италијанската премиерка
19.06.2026
Новиот шеф на Фед не го послуша Трамп - каматните стапки остануваат исти
Федералните резерви продолжуваат внимателно да ја следат инфлацијата подгреана од војната со Иран
17.06.2026
Трамп за својот роденден ја претвори Белата куќа во УФЦ-арена
Контроверзниот настан ја подели американската јавност.
15.06.2026
Трамп направил повеќе од 21.000 трансакции во 2025
Bloomberg Mercury, US Office of Government Ethics
Исто така, има дисонанца во осум одделни трговски сметки на Трамп: Во повеќе од 200 случаи, тој купил акција на една сметка истиот ден кога ја продавал на друга.
Хаотичниот ритам и големиот обем на тргување придонесуваат за сликата што се создава околу финансиите на Трамп, за којашто критичарите и мониторинг групите велат дека е многу матна и дека тој можеби клиентелистички профитира од претседателството. Во истата пријава, тој открива дека заработил најмалку 1,4 милијарди долари од бизниси поврзани со крипто и меме-коини во 2025 година.
Средствата на Трамп наводно се управувани независно
Претседателот во средата ја релативизираше количината на пари што ја заработил, велејќи дека веќе бил богат кога бил избран, и ги отфрли прашањата од новинарите за тоа дали неетички и незаконски профитирал од претседателството.
„Намерно, никогаш не разговарам со ниту еден од луѓето што управуваат со парите, но тие се во големи институции и инвестираат во што и да инвестираат“, рече Трамп. „А, знаете зошто профитирам? Бидејќи берзата расте.“
„Организацијата Трамп“ вели дека средствата на претседателот се независно управувани од финансиски институции од трети страни кои имаат контрола врз сите инвестициски одлуки, со тргувања извршени преку автоматизирани портфолија базирани на модели и стратегии за директно индексирање. Трамп, членовите на неговото семејство и неговата компанија немаат никаква улога во вршењето трансакции и не добиваат никакво претходно известување за тргувањето, според портпаролот на компанијата.
Белата куќа, исто така, изјави дека инвестициите на Трамп се управувани независно. „Нема судир на интереси“, изјави портпаролката Ана Кели.
Ерик Трамп, син на претседателот и извршен потпретседател на „Организацијата Трамп“, изјави дека средствата се дадени во „слепа доверба“.
„Да се сугерира дека се купуваат или продаваат поединечни акции, по дискреционен налог на кој било член на семејството Трамп, би било лага и очигледно неточно“, напиша тој во објава на X во мај откако Трамп откри повеќе од 3.700 тргувања во првиот квартал од 2026 година.
Во тоа време, некои на Волстрит изјавија дека сметаат дека таа фреквенција на тргување е изненадувачка.
Околу една десетина од откриените неготовински инвестициски средства на Трамп минатата година биле во општи инвестициски фондови или ЕТФ-и кои се широко диверзифицирани и не бараат детално известување за секоја хартија од вредност.
Не е јасно кои пазарни индекси ги следи Трамп
Но, покрај нив, не е јасно кои пазарни индекси ги следи Трамп. Претседателот наведува осум одделни инвестициски сметки во објавата и нивните основни средства, но не дава индикации кои институции ги користи за управување со нив. Постои одредено преклопување помеѓу средствата што се чуваат на сметките, при што акциите на „Локид Мартин“ (Lockheed Martin Corp.) се појавуваат на шест сметки, а акциите на „Мекдоналдс“ (McDonald’s Corp.), „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) и „Фајзер“ (Pfizer Inc.) на седум.
Технолошкиот и финансискиот сектор се водечки во тргувањето со акции на Трамп
Минимална проценета нето вредност на тргувањата на Трамп во 2025 година
Bloomberg Mercury
Неговите најголеми портфолија на акции - „Епл“ (Apple Inc.), „Енвидија“ (Nvidia Corp.), „Броудком“ (Broadcom Inc.), „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Тесла“ (Tesla Inc.) - се главни столбови на индексот S&P 500.
Иако обемот на трансакциите бил голем, вредноста на околу половина од нив паднала во најнискиот опсег, помеѓу 1.001 и 15.000 долари. Можеби имало уште повеќе тргувања: не мора да се пријавуваат тргувања од 1.000 долари или помалку.
Трамп пријавил повеќе од 10.000 тргувања во вредност до 15.000 долари
Број на тргувања по опсег на вредност на трансакцијата
Bloomberg Mercury
Севкупно, Трамп пријавил 15.524 купувања и 5.761 продажба на средства.
Повремено, имало нестабилност во рамките на една од сметките на Трамп. Во текот на четири дена, поединечна хартија од вредност била купена и продадена на истиот ден и на истата сметка.
На пример, додека „Блу Оул Капитал“ (Blue Owl Capital Corp.) паднал за 3,1 отсто на 15 септември, една сметка на Трамп - идентификувана само како Инвестициска сметка бр. 4 - купила повеќе од 1 милион долари вредни акции од ентитетот, според објавувањата. Тој ден, истата сметка продала шест лотови од истите акции. Објавувањата не ја наведуваат точната вредност или времето на денот на тргувањето.
Некои од најпрометните денови на тргување на Трамп дошле по најавите за промени во политиката, особено околу трговијата и царините. Неговите менаџери на средства извршиле 616 тргувања на 3 февруари, еден ден пред да стапат во сила царините за Канада, Мексико и Кина. Имало уште 640 тргувања еден месец подоцна, откако Трамп ја укина паузата на тие царини. И еден месец потоа, имало 446 тргувања на 4 април поради распродажбата предизвикана од неговите најави за царините на фамозниот „Ден на ослободувањето“.