Марин Ле Пен, која веќе две децении е лидер на француската крајна десница, најави дека четврти пат ќе се кандидира за претседател, иако жалбениот суд ја обврза да носи електронска алка откако ја потврди пресудата за злоупотреба на јавни средства.
Лидерката на популистичкиот „Национален собир“, кој води во анкетите за јавното мислење, изјави дека ќе учествува во изборната трка во 2027 година, откако ќе поднесе жалба до највисокиот суд во Франција. Според неа, со тоа ќе се одложи извршувањето на казната и ќе може да ја води изборната кампања без електронската алка.
„Вечерва сум кандидат“, изјави Ле Пен во вестите на телевизијата ТФ1. „Нема да го променам мислењето.“
Прочитај повеќе
Марин Ле Пен ќе може да влезе во трката за претседател на Франција
Марин Ле Пен повторно има право да се кандидира за претседателка на Франција, но најави дека може да се повлече ако мора да носи електронска алка.
07.07.2026
Француската влада во ризик од нов колапс, пазарите под притисок
Гласањето за доверба на премиерот Бајру може да ја урне владата, да ја зголеми финансиската нестабилност и да предизвика нови парламентарни избори.
26.08.2025
Ле Пен прогласена за виновна за проневера на европски јавни пари
Судот процени дека вкупната штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на партијата на Ле Пен вработувале луѓе во Европскиот парламент.
31.03.2025
Накратко од светот: Макрон останува претседател до крајот на мандатот
Францускиот претседател Емануел Макрон прави обид брзо да ги запре политичките превирања во Франција.
06.12.2024
Жестока борба во Франција за пратенички места
Апсолутно мнозинство за Националното обединување ќе му го отстапи премиерското место на Бардела.
02.07.2024
Нејзината одлука повторно да се кандидира ја одразува успешната трансформација што ја постигна во изминатите две децении, претворајќи ја својата партија од политичка маргина во една од најсилните политички сили во Франција.