text size
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе одложат нови напади врз Иран откако Исламската Република и другите земји од Блискиот Исток му кажале дека работат на договор.
Трамп изјави дека се согласил да го откаже нападот, „под услов да може брзо да се постигне ДОГОВОР“, според објава на Трур Сошл (Truth Social). „Станете на работа сите и завршете го тоа“. Израел се согласил да му се придружи во обврската, рече Трамп.
Претходно, „Аксиос“ објави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го повикал Трамп да се воздржи од нови напади, повикувајќи се на луѓе запознаени со разговорот.
Прочитај повеќе
Трамп наредил напад врз Иран уште овој викенд
Според „Волстрит џурнал“, нападите имаат за цел да го убедат Техеран да се предаде.
01.08.2026
Постигнат е договор за разоружување на Хамас, вели Трамп
Нов пресврт на Блискиот Исток? Трамп објави договор според кој Хамас треба да се разоружи, но клучните прашања за спроведувањето остануваат отворени.
31.07.2026
САД повторно го нападна Иран, се шири конфликтот на Блискиот Исток
Нападот ги зголеми цените на нафтата.
30.07.2026
Од САД беше побарано „да одложат каков било напад бидејќи се договорени границите на договорот“, рече Трамп во својот пост во саботата. „Ова би вклучувало Итно, Целосно и тотално ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ и крај на нуклеарната закана од Иран“.
На американската војска ѝ беше наредено да изврши нови напади уште овој викенд, објави „Волстрит џурнал“во петокот. Трамп на состанокот на кабинетот во петокот изјави дека САД ќе го удрат Иран „многу силно“ во обид да стават крај на војната додека таа се влече во шестиот месец. „И во одреден момент ќе речат дека едноставно не можеме повеќе да го издржиме тоа“.
Американските амбасади низ Блискиот Исток во саботата ги предупредија Американците дека треба да бидат подготвени за откажувања на летови, периодично затворање на воздушниот простор и други прекини во патувањето, бидејќи тензиите остануваат зголемени.
„Стоп-старт“ конфликтот меѓу САД и Иран, кој постојано го прекинува сообраќајот низ Ормускиот Теснец, клучен пат за извоз на нафта, течен природен гас и ѓубрива, започна на 28 февруари. Краткото примирје постигнато во јуни пропадна минатиот месец, иако двете страни повторно ги прекинаа нападите кон крајот на јули за да ѝ дадат на дипломатијата уште една шанса.
Тоа затишје заврши во вторникот вечерта кога Техеран изврши она што Трамп го опиша како изненадувачки напад, испукувајќи повеќе балистички ракети кон американската воена база во Јордан. Најновата ескалација предизвика остри промени во цените на енергијата, при што суровата нафта „брент“ ја заврши неделата над 90 долари за барел, во споредба со под 72 долари за барел на почетокот на минатиот месец.