text size
Соединетите американски држави сакаат да знаат колку секој сојузник во НАТО е лојален на политиките на Доналд Трамп пред да ги намалат воените капацитети што ја бранат Алијансата.
Во документ неодамна испратен до членките на Северноатлантската алијанса (НАТО), а во кој увид имала агенцијата „Блумберг Њуз“, САД поставуваат низа прашања со цел да ја проценат поддршката за пристапот на претседателот Трамп. Се поставуваат прашања, на пример: дали државата „јавно ја поддржува“ американската надворешна политика? Какви „ограничувања“ има воведено за користење на нејзините бази од страна на американската војска?
Документот исто така настојува да утврди дали земјите трошат средства кај американски одбранбени компании. Дополнително, прашува дали тие „јавно се спротивставиле на регулативи“ што ги „попречуваат“ договорите со американски фирми. Генерално, прашалникот поставува и едно пошироко прашање: „Дали земјата покажала усогласеност со американскиот пристап на ‘силно, јасно и тивко дејствување’?“ – алузија на изјава на министерот за одбрана Пит Хегсет.
Прочитај повеќе
Главни заклучоци од самитот на НАТО: Разговорите се вртеа околу Доналд Трамп
Лидерите на НАТО се собраа во Анкара оваа недела со цел да го импресионираат Доналд Трамп со низа договори за одбрана и планови за трошење.
08.07.2026
Трамп ќе дозволи Украина да произведува ракети „Патриот“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ѝ дозволи на Украина да произведува пресретнувачки ракети „Патриот“, испраќајќи уште еден сигнал за неговиот променлив пристап кон војната на Русија и кон Володимир Зеленски.
08.07.2026
НАТО го одложува следниот годишен самит во Албанија поради Трамп?
Самитот во Албанија во 2027 година се најде под знак прашалник - Алијансата размислува да ја прекине традицијата на годишни средби поради зголемените тензии со американскиот претседател.
08.07.2026
Несогласувања меѓу сојузниците во пресрет на самитот на НАТО
Различни видувања за проектите за проширување на цевководите за гориво и времетраењето на финансиската поддршка за Украина.
04.07.2026
Според извори запознаени со содржината на документот, некои сојузници негативно реагирале на овој потег, сметајќи го за обид да бидат принудени на идеолошко усогласување во замена за американска заштита.
Поврзувањето на долгогодишните американски безбедносни гаранции со ваков вид политичка лојалност би претставувало суштинска промена во трансатлантските односи по Втората светска војна. Тие односи традиционално се темелат на американски безбедносни гаранции што ги надминуваат политичките несогласувања меѓу сојузниците. Тимот на Трамп веќе се обиде да ги зајакне десничарските политички сили во земји како Германија и Унгарија, а најави и дополнително распоредување војници по победата на кандидатот што го поддржуваше на претседателските избори во Полска.
Прашалникот пристигнува неколку недели по почетокот на шестмесечната ревизија на американското воено присуство во Европа, што администрацијата на Трамп ја спроведува и која се очекува да заврши до декември. Овој процес ги загрижи сојузниците во НАТО поради можноста од значително намалување на американската поддршка, вклучително и бројот на стационирани војници и воените средства што САД би ги испратиле во случај на напад.
Претставник на НАТО потврди дека САД соработуваат со сојузниците во рамки на ревизијата, но одби да го коментира писмото. И Пентагон не даде официјален коментар.
Документот индиректно се осврнува на повеќе прашања што предизвикаа поделби меѓу Вашингтон и неговите НАТО-сојузници, како што се американските напади врз Иран, акцијата за приведување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и европските иницијативи одбранбените договори повеќе да се доделуваат на домашни компании.
На пример, прашањето за јавната поддршка на американската надворешна политика конкретно ги спомнува „иницијативите“ на Блискиот Исток и во Западната хемисфера, региони во кои Трамп презеде воени акции без поддршка од НАТО.
Во случајот со Иран, САД и Израел ја започнаа тековната војна без консултации со НАТО-сојузниците. Неколку земји, меѓу кои и Шпанија, подоцна не му дозволија на Вашингтон да ги користи нивните воени бази за напади врз Иран.
Затоа документот прашува дали секоја земја вовела такви ограничувања и поставува дополнително прашање:
„Дали се подготвени да ги намалат или целосно да ги укинат тие ограничувања?“
Слично на тоа, американскиот потег во јануари кога беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги изненади европските сојузници. Многу европски држави оценија дека акцијата претставува кршење на меѓународното право.
Прашалникот се осврнува и на чувствителното прашање за одбранбените буџети, барајќи докази дека државите ги исполнуваат новите цели за повисоки воени трошоци и дека Европа постепено ги заменува американските воени капацитети. Посебно се интересира дали земјите купуваат опрема од американски компании и дали се спротивставиле на новите политики „произведено во Европа“.
Во документот стои и прашањето:
„Ако не, дали би биле подготвени да го сторат тоа?“
Bloomberg
Прашалникот првично бил дистрибуиран до државите преку американски институции во Вашингтон, а оваа недела бил разгледуван и во седиштето на НАТО во Брисел. Подоцна овој месец САД и сојузниците ќе одржат состанок во Брисел за тековната ревизија.
Се очекува процената дополнително да го намали американското воено присуство во Европа. Веќе беше најавено повлекување на 5.000 американски војници од Германија и прераспоредување на други сили без нивна замена. Од друга страна, Трамп најави дополнителни сили за Полска, наведувајќи ја победата на националистот Карол Навроцки на претседателските избори како една од причините.
САД исто така го намалуваат бројот на воени средства предвидени за одбрана на НАТО-сојузниците во случај на напад. Намалувањата би можеле да опфатат стратешки бомбардери (со кои Европа не располага), беспилотни летала и поморски капацитети.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека ревизијата е логична и позитивна одлука, имајќи предвид дека европските земји и Канада значително ги зголемуваат своите одбранбени буџети.
„Мислам дека ова го зближува НАТО“, изјави Руте пред новинарите во јули. „И сметам дека редовните ревизии се мудар потег.“