text size
Владата на последната седница разгледувала информација за потпишување на меморандум за разбирање со „ГигаВорлд АИ МКД Инц“ за развој на наменски хиперскален центар за податоци со вештачка интелигенција во Македонија. Со овој чекор Владата продолжува да работи на реализација на стратегиската цел за развој на центри на податоци во Македонија, што наиде на отпор кај дел од еколошките активисти и дел од опозициските политички партии.
Што е хиперскален центар за податоци?
Според дефиницијата на ИМБ, хиперскален центар за податоци е масивен центар за податоци кој обезбедува екстремни можности за скалабилност и е дизајниран за големи работни оптоварувања со оптимизирана мрежна инфраструктура, поедноставена мрежна поврзаност и минимизирана латентност.
Прочитај повеќе
„Мајкрософт“ се обидува да ги увери вработените во позитивното влијание на центрите за податоци
Многу вработени поставуваат прашања за енергијата, водата, емисиите и влијанието на гигантските објекти врз локалните заедници.
30.08.2026
Под знак прашалник изградбата на речиси половина од планираните податочни центри во САД
Причина е сѐ поголемиот притисок од јавноста и сложеноста во градењето, смета инвестициска фирма
26.08.2026
ББА анализа: Како центрите за податоци станаа главен двигател на индустријата за климатизација
Индустријата за греење, вентилација и климатизација во последниве години е во процес на структурна трансформација.
14.07.2026
„Поради постојано зголемената побарувачка за складирање на податоци, хиперскалните центри за податоци се во широка употреба глобално од бројни добавувачи и широк спектар на цели што вклучуваат вештачка интелигенција (ВИ), автоматизација, анализа на податоци, складирање на податоци, обработка на податоци и други активности поврзани со пресметување на големи податоци“, наведуваат од ИБМ.
„Хиперскални центри за податоци“ или „хиперскалери“?
Оттаму укажуваат дека вреди да се одвои малку време за да се разјаснат овие термини и сите двосмислености. „Хиперскалери“(Hyperscalers) често се користи како прекер за хиперскалните центри за податоци.
„За жал, терминот ‚хиперскалери‘ веќе има воспоставено значење и исто толку често се користи за да се означат давателите на услуги во облак (CSP), како ‚Амазон Веб Сервисес‘ (AWS) и други компании кои нудат услуги за хиперскални центри за податоци“, посочуваат од ИМБ.
Од компанијата објаснуваат дека центрите за податоци (од сите големини) можат да го проследат своето потекло до важниот концепт на виртуелизација. Виртуелизацијата користи софтвер за да создаде слој на апстракција над компјутерскиот хардвер што овозможува поделба на хардверските компоненти на еден компјутер во повеќе виртуелни машини (ВМ). Секоја ВМ работи со свој оперативен систем и се однесува како независен компјутер, иако работи само на дел од вистинскиот основен компјутерски хардвер. На овој начин, виртуелизацијата овозможува „клауд компјутинг“ (cloud computing).
Хиперскален центар за податоци се разликува првенствено од традиционалните центри за податоци по својата големина. Хиперскален центар за податоци бара физичка локација доволно голема за да ја смести целата поврзана опрема - вклучувајќи најмалку 5.000 сервери и сосема веројатно милји опрема за поврзување. Како такви, хиперскалните центри за податоци лесно можат да опфатат големи површини (квадратни метри) простор.
Глобална дебата
„Блумберг њуз“ неодамна објави дека дури половина од предложените проекти за центри за податоци во САД се изложени на ризик од одложувања или откажувања поради растечките политички реакции и сложеноста на градењето ваков тип објекти, според инвестициската фирма „Кимериџ Енерџи Менаџмент“ (Kimmeridge Energy Management Co.)
Поради тоа, лоби група поддржана од милијардери од индустријата за вештачка интелигенција (ВИ) започна мултимилионска рекламна кампања во САД, со цел да се спротивстави на растечката јавна реакција против бранот изградба на центри за податоци, што е клучен за плановите за раст на индустријата.
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека „Мајкрософт Корп.“ се обидува да ги увери своите вработени дека неговите центри за податоци имаат позитивно влијание врз општеството. Многу вработени поставуваат прашања за енергијата, водата, емисиите и влијанието на гигантските објекти врз локалните заедници, напиша неодамна шефицата за развој Ноел Волш во порака до вработените што ја разгледа „Блумберг“.
Волш призна дека вештачката интелигенција го отежнува исполнувањето на претходните обврски за емисиите. Сепак, таа посочи на неодамнешните подобрувања во енергетската ефикасност на хардверот, потрошувачката на вода и плановите за изградба на десетици гигавати обновлива енергија. Центрите за податоци мора да се градат „со дисциплина, транспарентност и постојан фокус на намалување на влијанието и зголемување на придобивките“, напиша таа.