text size
Се очекува германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (AФД) во недела да оствари убедлива победа на изборите во Саксонија-Анхалт, резултат што би можел да ја доближи повеќе од кога било до раководење со една од 16-те германски покраини.
Антиимигрантската AФД според анкетите има поддршка од околу 40 отсто, речиси двојно повеќе отколку пред пет години и значително пред Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц, која има околу 23 отсто. Апсолутно мнозинство на пратенички места се смета за малку веројатно, но сепак е можно во зависност од тоа колку помали партии ќе го поминат прагот од 5 отсто за влез во покраинскиот парламент.
Значењето на овие избори оди далеку надвор од рамките на Саксонија-Анхалт, покраина со околу 2,1 милион жители и ограничено влијание врз националната политика. Влада предводена од AФД би била прв случај во повоена Германија крајната десница да управува со германска покраина, а нивниот кандидат Улрих Зигмунд би добил нова национална политичка платформа. AФД, која веќе е најголемата опозициска партија во Бундестагот, е класифицирана како десноекстремистичка организација во Саксонија-Анхалт од страна на покраинската служба за внатрешно разузнавање.
Прочитај повеќе
Руската хибридна војна е најголема закана за Европа, вели генерал од ЕУ
Дронови, сајбер-напади и мигрантски притисок - генералот Шон Кленси предупредува дека хибридните напади на Москва се „најзначајната стратешка закана“ за ЕУ.
04.09.2026
Германската економија забрзува, деловниот оптимизам силно расте
Деловниот оптимизам во Германија силно порасна, а производствената активност достигна највисоко ниво во повеќе од четири години благодарение на расходите за одбраната.
25.08.2026
Германската индустрија конечно се буди - најсилен раст од 2022 година
„Бундесбанк“ оценува дека германската економија веќе јасно е на пат кон закрепнување, а август донесе најсилни резултати во производството од 2022 година.
21.08.2026
Гласањето претставува и сериозен тест за Мерц. Убедлива победа на AФД би го зголемила притисокот врз канцеларот и би можела повторно да ја отвори дебатата во неговата партија за таканаречениот „заштитен ѕид“ (firewall), односно одбивањето на традиционалните партии да соработуваат со крајната десница.
Ова прашање би можело да стане особено актуелно доколку изборите резултираат со расцепкан парламент во кој за формирање влада без AФД, ЦДУ би морала да побара поддршка од партии од кои исто така се дистанцира, како што е крајно левичарската Ди Линке, наследничка на поранешната комунистичка партија во Источна Германија.
Што ќе се случува на денот на изборите?
Гласањето започнува во 8 часот наутро по локално време, а првите проекции врз основа на излезни анкети се очекуваат по затворањето на избирачките места во 18 часот. Набргу потоа ќе следат проекции базирани на преброени гласачки ливчиња, а првичните резултати треба да бидат објавени во текот на ноќта или рано во понеделник.
Вниманието брзо ќе се префрли од прашањето кој освоил најмногу гласови на тоа дали може да се формира стабилно парламентарно мнозинство и, особено, дали AФД обезбедила доволно пратеници за самостојно владеење.
Кои се главните кандидати?
Двете клучни личности се актуелниот премиер Свен Шулце од ЦДУ и кандидатот на AФД, Улрих Зигмунд.
Шулце (46) ја презеде функцијата на 28 јануари, откако Рајнер Хазелоф се повлече по речиси 15 години на чело на покраината. Хазелоф рече дека предвременото предавање на функцијата имало цел да ја зајакне владејачката коалиција, иако многумина тоа го сфатија како обид на Шулце да му обезбеди предност како актуелен премиер пред изборите.
Сепак, тоа не доведе до зголемена поддршка за ЦДУ. Партијата, која освои 37 отсто во 2021 година, сега според анкетите има околу 22 отсто. Сепак, лично Шулце стои подобро: според последната анкета на јавниот сервис ЗДФ, 48 отсто од гласачите би сакале тој да остане премиер, наспроти 34 отсто за Зигмунд.
Зигмунд (35) е самостоен претприемач и пратеник во покраинскиот парламент, кој стана главното лице на изборната кампања на AФД. Неговата партија според анкетите има поддршка од околу 41 отсто.
Дали AФД ќе формира влада?
Тоа сè уште е далеку од сигурно. Последните анкети покажуваат дека AФД е под прагот за апсолутно мнозинство во парламентот, а Зигмунд најави дека ќе се кандидира за премиер само ако неговата партија освои доволно голема предност за самостојно владеење. Ниту една партија што се очекува да влезе во парламентот засега не изразила подготвеност да коалицира со AФД.
Сепак, математички е можно партијата да добие апсолутно мнозинство и со помалку од 50 отсто од гласовите. Партиите што нема да го поминат изборниот праг од 5 отсто не учествуваат во распределбата на мандатите, што би можело да го зголеми уделот на AФД во парламентот. Либералната ФДП моментално има поддршка од околу 3 отсто, а левичарската БСВ околу 4 отсто.
Ако AФД не обезбеди мнозинство, уште потежок предизвик може да биде формирањето влада без неа. Според последните бројки на ЗДФ, ЦДУ, Ди Линке, СПД и Зелените заедно би имале мнозинство. Но ЦДУ исклучува коалиција и со AФД и со Ди Линке, што значително го усложнува формирањето класична мнозинска влада.
Една можност би била малцинска влада предводена од ЦДУ, која би зависела од поддршка на Ди Линке или други партии за поединечни гласања. Мерц ја отфрла формалната соработка со Ди Линке, но остави простор за такви привремени договори.
Bloomberg Mercury
Што би значела победата на AФД за Мерц?
Непосредното влијание врз федералната влада би било ограничено, но политичките последици би можеле да бидат значајни.
Најголемиот притисок би паднал врз Мерц. Неговата ЦДУ е на пат да загуби околу 15 процентни поени во споредба со резултатот од 2021 година во Саксонија-Анхалт, додека СПД е на околу 8,5 отсто, речиси непроменета во однос на пред пет години.
Резултатот доаѓа во веќе тежок период за канцеларот. Само 13 отсто од гласачите изјавиле дека се задоволни од неговата работа, што е еднакво на најнискиот рејтинг за актуелен германски канцелар во историјата на анкетит. На национално ниво, истата анкета ѝ дава на AФД поддршка од 27 отсто, што е шест процентни поени повеќе од блокот ЦДУ/ЦСУ на Мерц.
Тежок пораз на ЦДУ дополнително би ја заострил дебатата околу стратегијата на Мерц кон AФД. Раководството на партијата продолжува да ја исклучува секоја соработка со крајната десница, но политичката математика во Саксонија-Анхалт би можела да ја принуди ЦДУ да се потпре на Ди Линке за да ја држи АФД надвор од власта.
Тоа би ги претворило овие избори во многу повеќе од обичен регионален пораз. Тие ќе бидат тест дали Мерц може да го зачува „заштитниот ѕид“ против АФД и истовремено да ја одржи оддалеченоста од левицата, додека во редовите на конзервативците растат сомнежите околу таа стратегија. Во исто време, тој ќе мора да покаже дека неговата влада може да обезбеди економско закрепнување и реформи кои, според него, се неопходни за да се запре подемот на AФД.