text size
Крајно десничарската Алтернатива за Германија (AФД) убедливо победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, во услови на растечко незадоволство на јавноста од политичкиот естаблишмент, но се очекува дека нема да освои апсолутно мнозинство потребно за самостојно формирање влада.
АФД во неделата освои 44,5 отсто од гласовите во оваа источногерманска сојузна покраина, далеку пред Христијанско-демократската унија (ЦДУ), која долго време беше на власт и освои 18,5 отсто, според резултатите од излезните анкети што ги објави AРД. Партијата Левица (Линке) освои 9,5 отсто, додека Социјалдемократската партија (СПД) доби осум, а Зелените девет отсто од гласовите. Овие резултати би можеле да се променат како што ќе продолжи пребројувањето на гласовите во текот на вечерта.
Овој резултат, најдобар за антиимиграциската партија од нејзиното основање во 2013 година, претставува тежок удар за канцеларот Фридрих Мерц, чија ЦДУ помина значително полошо отколку што предвидуваа анкетите, во период на забавен економски раст и пораст на цените на енергенсите. АФД го искористи незадоволството кај граѓаните, потпирајќи се на барањата за запирање на миграцијата, прекин на политиките насочени кон борба против климатските промени и обновување на односите со Русија.
Прочитај повеќе
Крајната десница во Германија е на пат кон историска победа на покраинските избори
Антиимигрантската AФД според анкетите има поддршка од околу 40 отсто, речиси двојно повеќе отколку пред пет години и значително пред Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц
06.09.2026
Руската хибридна војна е најголема закана за Европа, вели генерал од ЕУ
Дронови, сајбер-напади и мигрантски притисок - генералот Шон Кленси предупредува дека хибридните напади на Москва се „најзначајната стратешка закана“ за ЕУ.
04.09.2026
Германската економија забрзува, деловниот оптимизам силно расте
Деловниот оптимизам во Германија силно порасна, а производствената активност достигна највисоко ниво во повеќе од четири години благодарение на расходите за одбраната.
25.08.2026
Германската индустрија конечно се буди - најсилен раст од 2022 година
„Бундесбанк“ оценува дека германската економија веќе јасно е на пат кон закрепнување, а август донесе најсилни резултати во производството од 2022 година.
21.08.2026
Жешкото лето ја чини Европа скапо: Пет удари врз економијата
Пет топлотни бранови, рекордно ниски реки и разорни пожари оставаат сè поголема економска сметка во Европа, загрозувајќи го и очекуваниот раст годинава.
18.08.2026
„Го постигнавме токму она што го зацртавме“, изјави покраинскиот лидер на АФД, Улрих Зигмунд, кој претходно посочи дека негова цел е да освои доволно пратенички места за да формира влада без потреба од коалициски партнери.
Доколку партијата не освои апсолутно мнозинство, останатите партии, кои веќе ја исклучија можноста за соработка со АФД, најверојатно ќе мора да формираат фрагментирана коалиција.
Процесот би можел дополнително да се искомплицира доколку БСВ (BSW), партијата формирана по отцепувањето од Левица и основана од нејзината поранешна лидерка Сара Вагенкнехт, влезе во парламентот. Според излезната анкета, БСВ освои пет отсто од гласовите.
Саксонија-Анхалт, која има најнизок бруто-домашен производ по жител меѓу 16-те германски сојузни покраини, има околу два милиона жители. Од повторното обединување на Германија, бројот на жители во овој регион се намалил повеќе отколку во која било друга сојузна покраина, па така меѓу 1990 и 2024 година опаднал за повеќе од една четвртина.
Во текот на интензивната предизборна кампања, Зигмунд привлекуваше илјадници луѓе на настани налик на фестивали, каде што поддржувачите бараа автограми и се фотографираа со него. Тоа беше јасен показател за растечката поддршка за партијата и силен контраст во однос на Мерц, кого го држеа подалеку од гласачите.
Зигмунд изјави дека, доколку не го освои потребното мнозинство за да ја предводи покраината како премиер, едноставно ќе го почека политичкиот хаос за кој смета дека ќе следува доколку ЦДУ формира влада, а за кој предвидува дека ќе трае „неколку месеци“. На следните избори АФД едноставно ќе освои уште повеќе гласови, изјави тој за „Блумберг“.
„Ние можеме само да победуваме“, рече Зигмунд.
Мерц предупреди дека АФД би ја одвел Германија „во бездна“. Бизнис-лидерите, пак, предупредија дека партијата би можела да ги одврати инвеститорите. Германската домашна разузнавачка служба делови од партијата ги класифицираше како закана за уставниот поредок.
Сепак, партијата продолжи да ја зголемува јавната поддршка. Во Саксонија-Анхалт нејзините лидери разговараа за планови за воспоставување „работна група за депортации“, финансирана од покраинскиот буџет, спроведување чистки меѓу државните службеници и реформа на образовниот систем со цел негово ослободување од, како што наведуваат, „левичарска индоктринација“.
И покрај растечката популарност, партијата сè повеќе се обединува околу етнонационалистичка идеологија и отфрла голем дел од својата претходна, поумерена реторика, наведува германската Сојузна служба за заштита на уставот. Во годишниот извештај објавен во јуни се наведува дека сè поголем број партиски функционери отворено го прифатиле концептот на „ремиграција“, односно протерување голем број луѓе.
Тоа ја изолираше партијата во Европа, дури и меѓу другите крајнодесничарски партии. Француската политичарка Марин Ле Пен ја прекина соработката со партијата во 2024 година, откако еден европратеник од АФД во интервју изјави дека не секој припадник на нацистичкиот СС треба да се смета за криминалец. Италијанската премиерка Џорџа Мелони, чија партија Браќа на Италија ги поддржува трансатлантските врски, исто така држи дистанца од АФД поради неговата наклонетост кон Русија.