text size
Со оглед на тоа што неговата Републиканска партија се соочува со можноста да ја загуби контролата врз Конгресот на изборите на 3 ноември, американскиот претседател Доналд Трамп бара начини да ги заузда високите трошоци за гориво, кои се значаен извор на незадоволство кај гласачите. Изјавувајќи дека пониските цени за Американците се негов „најголем приоритет“, Трамп на 9 октомври преку социјалните мрежи објави дека постигнал договор со претседателот Владимир Путин, според кој Русија ќе ги снабдува САД и светскиот пазар со дизел. Цените на ова гориво значително пораснаа во САД, главно поради војната во Иран, бидејќи се ограничени испораките на преработени нафтени производи од Персискиот Залив.