text size
Милиони Американци на денешните избори на средината на претседателскиот мандат одлучуваат за иднината на Конгресот, а исходот од изборите ќе има пресудно влијание врз последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. Повеќето анкети предвидуваат дека демократите ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом. Истражувањата со месеци покажуваат дека партијата има доволно голема поддршка меѓу гласачите за да ги надмине пречките што произлегоа од прекројувањето на изборните единици во корист на републиканците.