Словачкиот премиер ја изнесе можноста за иднина надвор од Европската Унија (ЕУ) и од НАТО бидејќи, како што рече, брзиот глобален развој носи ризик и двете институции да ги претвори во „историски книги“.
Со оглед на тоа што коментарите на Роберт Фицо не се многу далеку од повикот за напуштање на клучните сојузи од страна на оваа источноевропска нација, премиерот, чии односи со западните сојузници стануваат сè поспорни, отвори тема за која многу Словаци сметаат дека е табу.
Фицо одговори на забелешките на висок функционер во неговата партија, заменик-претседателот Тибор Гаспар, кој за една национална телевизија изјави дека промените во ЕУ и во НАТО по пристапувањето на Словачка значат дека земјата во иднина може да размисли за напуштање, опција за која тој рече дека е „екстремно решение“.
Прочитај повеќе
ЕУ е претерано рестриктивна кон банките, вели потпретседателот на „Блекрок“
Финансиската индустрија на Европа е во опасност да заостане, вели потпретседателот на „Блекрок“, Филип Хилдебранд.
20.01.2025
Расте бројот на летови во ЕУ, Амстердам е најпосакувана дестинација
Во 2024 година во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални лета, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со 2023 година.
20.01.2025
Новите еколошки регулативи во ЕУ ќе ја дотепаат автомобилската индустрија
Новите еколошки правила на ЕУ од први јануари сериозно ја загрозуваат и онака разнишаната европска автомобилска индустрија.
02.01.2025
Маск почна да воведува ред во политиката и во Велика Британија
Илон Маск ги критикува британските власти за скандалот со сексуална злоупотреба на деца, а британците велат дека неговите објави се „смешни“ и „срамни“
05.01.2025
Премиерот рече дека „апсолутно“ се согласува со Гаспар за „развојот на ситуацијата“. Тој направи споредба со Варшавскиот пакт, истакнувајќи дека воениот сојуз со кој доминираше Советскиот Сојуз „се распадна за една година“.
„Точно е дека ЕУ и НАТО се нашиот витален простор, но никој нема да нè спречи да ја предупредиме Словачка за различните ризици“, наведе Фицо во изјава објавена на Фејсбук.
Словачкиот премиер се врати на власт во 2023 година, ветувајќи дека ќе ги зајакне односите на земјата со сите глобални сили, вклучувајќи ја и Русија, истовремено потврдувајќи го членството на земјата во 27-члениот блок и воената алијанса поврзана со САД.
Но, во последниве недели, по неговиот декемвриски состанок во Москва со рускиот претседател Владимир Путин и ескалацијата на спорот со Украина околу испораката на гас, неговата влада ја засили критичката реторика кон Киев и сојузниците од ЕУ и од НАТО.
Можноста за напуштање на ЕУ веднаш беше отфрлена од широкиот дел од политичкиот естаблишмент на Словачка, вклучувајќи и од претседателот Петер Пелегрини, кој инаку е сојузник на Фицо.
Економски ризици
Како членка на еврозоната и зоната за безвизно патување на ЕУ, интеграцијата на Словачка се продлабочи откако таа во 2004 година им се приклучи на ЕУ и на НАТО. Пристапувањето кон двата сојуза беше политичка цел уште откако земјата стекна независност со распадот на Чехословачка во 1993 година.
Асоцијацијата што ја претставува автомобилската индустрија на Словачка се огласи месецов, велејќи дека напорите на Фицо да ја насочи земјата поблиску до Русија и подалеку од трансатлантското партнерство ја загрозуваат економската иднина на земјата.
Реториката на премиерот предизвика пошироки јавни протести и барања Словачка да остане про-ЕУ ориентирана држава. Партијата на Фицо бележи пад на популарноста.
Во неделата група од 250 психолози и психијатри потпишаа отворено писмо до Фицо, предупредувајќи дека неговиот сè поавторитарен стил и погрешни претстави ја поларизираат јавноста. Зголемената агресивност тие им ја припишуваат на последиците од обидот за атентат во мај минатата година, кога вооружени лица пукаа во премиерот, што резултира со неколкунеделна интензивна нега.
„Се надеваме на ваша способност за саморефлексија и можност за корекција на вашето политичко однесување, вклучувајќи и размислување за повлекување од политиката на високо ниво“, се истакнува во писмото.
Како одговор, Фицо ги обвини експертите за политичка пристрасност и тврди дека тие се обидуваат да поттикнат нови проевропски протести, како тие во 2014 година во Киев, кои кулминираа со соборувањето на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, кој побегна во Русија.
Словачките опозициски партии побараа за утре гласање за недоверба во парламентот во Братислава. И покрај поделбите во коалицијата на Фицо и тенкото мнозинство во парламентарниот дом, се очекува премиерот да го преживее гласањето.