Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се вклучи во мировната иницијатива на Доналд Трамп и сигнализира подготвеност за директни разговори со Русија.
Коментарите, пред средбата на Зеленски на Минхенската безбедносна конференција со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, дојдоа додека американските, европските и украинските преговарачи се подготвуваат за разговори меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за завршување на тригодишниот конфликт.
„Подготвени сме за разговори со САД, сојузниците - и потоа, откако ќе се договориме за позиција, ќе разговараме со Русите“, изјави Зеленски за новинарите во петокот во баварската престолнина.
Прочитај повеќе

Трамп разговарал со Путин за крај на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот колега.
09.02.2025

Накратко од светот - Готов е мировниот план на Трамп за Украина
Планот на Трамп за Украина вклучува замрзнување на конфликтот.
06.02.2025

Путин добива сојузници во Европа во лош момент за Украина
Националистичкиот пресврт во земји како Словачка, Австрија и Хрватска, заедно со Унгарија, ја доведува во прашање поддршката за Украина.
31.01.2025

Трамп го повика Путин да прифати договор за Украина
Претседателот на САД го засили притисокот врз Русија да преговара за крај на војната во Украина и се закани со финансиски санкции.
23.01.2025

Какви ракети користат Русија и Украина и како функционираат тие?
Двете страни сѐ повеќе се потпираат на борбени дронови.
15.01.2025
Лидерите собрани во Минхен бараат детали за тоа како администрацијата на Трамп ќе ги води преговорите со Путин. Трамп се обидува да ја заврши војната брзо, иако со тоа ризикува да наметне отстапки за Украина и да ги исклучи Европејците.
Запрашан за средбата со Венс додека американската администрација ги менува ангажманите на САД, Зеленски изјави дека „го почитува партнерството“ - но предупреди дека присуството на САД во Европа е потребно за да ѝ се спротивстави на заканата од Русија.
Тимот на Зеленски ги претстави своите предлози за ревидиран нацрт на планот што би им дал на САД пристап до украинските минерали во замена за безбедност, според официјален претставник запознаен со разговорите. Американскиот министер за финансии Скот Бесент неделава го посети Киев за да претстави економски партнерски договор потребен за продолжување на американската поддршка.
Но Европејците се борат да ги следат брзите изјави од тимот на Трамп. Венс за „Волстрит журнал“ најави дека испраќањето американски трупи во Украина, ако Москва не преговара со добра волја, останува „на маса“. Изјавите претставуваат „нови елементи“ на американската позиција, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за „Интерфакс“, додавајќи дека Русија очекува Вашингтон да ги разјасни.
Во Варшава американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој претходно неделава изјави дека амбицијата на Украина да ја врати целата изгубена територија од 2014 година е нереална, посочи дека тие параметри сè уште не се утврдени - и изјави дека Европејците веројатно ќе бидат вклучени во преговорите.
„Дел од разговорите ќе ги вклучуваат нашиот претседател, Зеленски, Путин - и веројатно Европа ќе биде вклучена“, изјави Хегсет.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...