Европските лидери се соочуваат со најлошото сценарио: можеби тие навистина ќе треба да се справат сами со воинствена Русија, без поддршка од САД. Тоа е кошмарот од кој стравува Европа.
Кога САД се построија заедно со Русија и Северна Кореја претходно оваа недела за да се спротивстават на предлогот на ОН со кој се осудува инвазијата на Владимир Путин врз Украина, некои европски претставници знаеја дека трансатлантските односи се во голема неволја. Потоа тие со ужас гледаа како Доналд Трамп јавно се расправа со Володимир Зеленски во Овалната соба и тука „пукна тиквата“.
Во интервјуа за „Блумберг“, неколкумина од функционерите кои ја задржаа својата присебност и смиреност низ војните и финансиските кризи реагираа со длабок бес. Според нив, сцената покажа дека довербата и вредностите што ги поврзуваат Европа и САД од крајот на Втората светска војна повеќе не се заеднички карактеристики.
Прочитај повеќе
По остра расправа меѓу Трамп и Зеленски, пропадна договорот за суровините
Овој договор и средбата требаше да бидат момент на единство меѓу двајцата лидери.
28.02.2025
Рубио: Зеленски треба да се извини за потрошеното време на Трамп
Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса, истакна Рубио.
01.03.2025
Има ли Украина доволно ретки минерали што ги вети на САД?
Се проценува дека Украина има залихи од 177 различни видови минерали на 20.000 наоѓалишта
01.03.2025
Русија се радува на јавното понижување на Зеленски, Европа со поддршка за Украина
Од руска перспектива, осносите на САД со Украина и Европа се ладни. Европа, пак, со јавна поддршка за Зеленски и Украина.
01.03.2025
„Претседателот Трамп и неговата администрација поставија посуштински предизвик за трансатлантската алијанса отколку со коишто се соочуваа во многу децении“, рече Греам Алисон, професор по влада на Универзитетот Харвард, кој студирал со Хенри Кисинџер и служел во администрациите на Клинтон и Реган.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, британскиот премиер, Кир Стармер, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го опишаа овој момент како генерациски предизвик за континентот. Тие денеска организираа средба со Зеленски и други европски лидери во Лондон за да решат за нивниот следен потег.
Европската унија има за цел да продолжи со итен пакет од 20 милијарди евра во воена помош за Украина на вонредниот самит во Брисел, што ќе се одржи в четврток. Но, тоа е само аванс од стотиците милијарди што ќе треба да ги мобилизираат за одбрана во наредните месеци доколку сакаат да ја преземат одговорноста за сопствената безбедност од САД, за прв пат по 80 години.
По долгогодишните превирања и дебати за проблемите и слабостите на ЕУ, за да се исполни ваквиот план ќе треба да се создаде политичка волја што би била мал преседан во историјата на блокот.