На крајот на минатата година во Македонија имало 1 515 039 работоспособни граѓани. Според податоците кои Државниот завод за статистика ги објави вчера поголем дел од работоспособните граѓани на земјата (лица постари од 15 години) се жени, 770 399.
И покрај тоа што жените кои можат да работат се побројни, стапката на неактивност е поголема. Податоците за четвртиот квартал лани покажуваат дека секоја втора жена воопшто не бара работа.
Податоците на државната статистика се поклопуваат со податоците што претходно ги даде студијата на „Фајнанс тинк“, институтот за економски истражувања и политики. Како фактори за ниското учество на жените на пазарот на труд студијата ги наведе недоволниот број на детски градинки, недостапноста на флексибилни работни аранжмани, културните бариери, и домашните обврски.
Прочитај повеќе

Во светот на претприемачките на мали бизниси: Во секоја од нив има цела фабрика работнички
Микропретприемачките или, како што ги нарекуваме, соло-претприемачки се интересен феномен бидејќи во една жена се наоѓа една цела фабрика.
25.02.2025

Фирмите се подобри кога има повеќе жени во одборите - извештај на „Блумберг“
Женската застапеност во управните одбори е речиси тројно зголемена од 2010 година.
11.12.2024

Огромен потенцијал на женскиот спорт, пробиена е границата од милијарда долари
Разликите меѓу најплатените спортисти и спортистки и натаму се огромни и неспоредливи.
13.10.2024

Жените во САД би дале отказ поради менопауза, кај нас не се работи поради стереотипи
Менопаузата се очекува значително да влијае на работната сила во САД, покажа нова студија.
07.10.2024
Поради ова, констатира студијата, се соочуваме со неисполнет економски потенцијал, што негативно влијае врз економскиот раст и продуктивноста, се наведува во истражувањето.
Работата на домаќинките чини 8 отсто од БДП
Студијата покажа дека еден од факторите што ги прави жените неактивни на пазарот на труд се однесува на родовите стереотипи, дискриминацијата и културните норми за грижа за децата. Овој фактор покажува дека вкоренетите општествени перцепции за родовите улоги и дискриминацијата врз основа на пол играат клучна улога во ограничувањето на учеството на жените во работната сила.
Друг фактор се однесува на домашните обврски, кои традиционално се перципираат како женски задачи, што дополнително го ограничува нивното време и можности за вработување.
Статистиката за 2023 година покажува дека над 65 отсто од неплатените семејни работници се жени.
„Вредноста на работата на домаќинките е проценета на осум отсто од бруто домашниот производ (БДП), додека вредноста на времето што жените го поминуваат во неплатена домаќинска работа и грижа се проценува на 25,3 отсто од БДП“, заклучува студијата на „Фајнанс тинк“.
И тие што работат заработуваат помалку
Јазот во платите меѓу мажите и жените не е само македонски проблем. Во 2022 година, родовиот јаз во платите во Европската унија изнесуваше 12,7 отсто или жените заработувале во просек за 12,7 отсто помалку на час од мажите.
Тоа покажува дека жените во просек заработуваат 87,3 евра за секои 100 евра заработени на мажите. Накратко, на жените би им требале дополнителни 1,5 месеци работа за да ја надополнат оваа разлика.
Неодамнешно истражување покажа дека и жените во Македонија, во просек, добиваат 12.5 отсто пониска плата од мажите.
Статистичките податоци од последните години покажуваат тренд на пораст на бројот на жени кои имаат надпросечни плати, но тој е благ.
Фирмите се подобри кога има повеќе жени во одборите
Женската застапеност во управните одбори е речиси тројно зголемена од 2010 година, при што диверзифицираните компании по родова основа обезбедуваат повисоки приноси за акционерите во споредба со управните одбори доминирани од мажи, според „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence).
Жените сочинуваа 26 отсто од управните одбори во 2023 година во споредба со 9 отсто во 2010 година, што укажува на тоа како регулативите во Европа, САД и Азија што налагаат промени влијаат на глобалните корпорации, покажува извештајот на „Блумберг интелиџенс“.
Извештајот предвидува дека жените ќе достигнат паритет во управните одбори на западните пазари пред следната деценија.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...