Американскиот претседател Доналд Трамп ги укина безбедносните дозволи на поранешниот претседател Џо Бајден и на некои клучни членови на неговата администрација, велејќи дека „повеќе не е во национален интерес“ да продолжат да имаат пристап до доверливи информации.
Меѓу оние што го губат пристапот се и поранешната потпретседателка Камала Харис, поранешниот државен секретар Антони Блинкен и поранешниот советник за национална безбедност Џејк Саливан, се вели во меморандум на Белата куќа. Мерката важи и за Хилари Клинтон.
Трамп, исто така, им нареди на „сите раководители на извршните оддели и агенции да им оневозможат на овие лица пристап без придружба до безбедни објекти на Владата на САД“.
Прочитај повеќе
Трамп најавува дека и реципрочните и секторските тарифи ќе стапат на 2 април
Претседателот Доналд Трамп рече дека ќе воведе широки реципрочни царини и дополнителни специфични секторски царини, почнувајќи од 2 април.
17.03.2025
Царините на Трамп почнаа да ѝ се удираат од глава на „Тесла“
Компанијата на Илон Маск, кој пак е еден од клучните луѓе на Трамп во моментов, е загрижена за евентуалните тешки последици што ќе ги трпи поради трговската војна што ја почнаа САД со остатокот од светот.
14.03.2025
Политичарот Илон го уништува бизнисменот Маск
И додека шефот на „Тесла“, Илон Маск, работи „хонорарно“ во администрацијата на Трамп како „секач на владини трошоци“, акциите на неговата компанија стрмоглаво паѓаат.
18.03.2025
Од инаугурацијата на Трамп: Се стопи богатството на милијардерите
Петте најбогати луѓе, меѓу кои Маск, Безос и Цукерберг, изгубија 209 милијарди долари
11.03.2025
Укинатиот пристап вклучува примање доверливи брифинзи како што е дневното резиме на претседателот и пристап до доверливи информации што ги поседува „кој било член на разузнавачката заедница врз основа на претходниот мандат на именуваните во Конгресот“, се вели во меморандумот.
Други имиња споменати во белешката се:
Поранешните претставници Елизабет Чејни и Адам Кинзингер
Јавниот обвинител на Њујорк Летиција Џејмс
Окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег
Александар Виндман, поранешен функционер за национална безбедност, кој одигра клучна улога во првиот импичмент на Трамп
Поранешната заменичка обвинителка на САД, Лиза Монако
Фиона Хил, виш директор за европски и руски прашања во Националниот совет за безбедност за време на првата администрација на Трамп
Ендрју Вајсман, еден од водечките обвинители кој помогна во водењето на истрагата на поранешниот специјален советник Роберт Мулер за наводната координација меѓу кампањата на Трамп во 2016 година и руски официјални лица
Марк Заид, адвокат за национална безбедност кој застапувал стотици случаи во кои се вклучени разузнавачи, федерални вработени и свиркачи
Норман Ајзен, поранешен функционер на администрацијата на Обама, кој застапуваше група работници кои помогнаа во истрагата за нападот на Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година.
„Било кој друг член“ на семејството Бајден