Украина ќе побара промени во сеопфатниот нов економски договор предложен од страна на претседателот Доналд Трамп, вклучително и ветување за повеќе американски инвестиции, вели лице запознаено со ова прашање.
Нацрт-предлогот што на увид го доби „Блумберг Њуз“ (Bloomberg News) ќе му даде на Вашингтон контрола врз сите големи идни инвестиции во инфраструктурата и минералите во земјата разурната од војна - и тоа без приложено временско ограничување. Киев е загрижен дека договорот не само што може да ја поткопа неговата кандидатура за пристап во Европската унија (ЕУ), туку ќе бара од него да ја отплати целата американска воена и економска поддршка обезбедена од почетокот на војната.
Украинските власти во петокот одржаа видео-повик со нивните американски колеги, вклучително и правни експерти за да побараат појаснување за нацрт-договорот од речиси 60 страници, посочува нашиот соговорник, кој зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи разговорите се приватни.
Прочитај повеќе

САД сакаат да ги контролираат инвестициите во Украина истиснувајќи ја Европа
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп бара „право на прва понуда“ за инвестиции во сите инфраструктурни и проекти за природни ресурси.
28.03.2025

ББА коментар: Кој може да ќари од обновата на Украина?
Обновата ќе биде огромен потфат кој ќе бара ангажман на најголемите европски градежни компании.
21.03.2025

Помош за Украина: Лидерите на ЕУ го заобиколија Орбан
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да ги потпише заклучоците од самитот
07.03.2025

Украински мир: Кој ќе биде победник, а кој губитник?
По раздорот во Белата куќа и формирањето на коалицијата на ЕУ, со аналитичари подготвивме преглед на можните исходи од украинската криза.
03.03.2025
Американците не се спротивставија на загриженоста што ја покажа Киев, особено за потенцијалниот конфликт на предлогот со целите за членство на земјата во ЕУ, рече лицето. Ова сугерира дека Вашингтон може да биде отворен за разговори за промени, смета лицето.
„САД остануваат посветени на брзото склучување на овој витален договор и на обезбедување траен мир и за Украина и за Русија“, рече портпаролот на Министерството за финансии. Официјални лица во Белата куќа и Советот за национална безбедност не одговорија на барањата за коментар надвор од вообичаеното работно време.
Доколку биде прифатен, договорот за партнерство ќе им даде на САД ефикасна контрола врз одлуките за инвестирање кои покриваат големи делови од економијата на Украина, вклучувајќи рударство, нафта и гас и екстракција на критични минерали, како и пристаништа, патишта и железници.
САД, исто така, прво ќе го добијат право на добивка од посебниот инвестициски фонд за реконструкција, што ќе биде контролиран од Вашингтон. Клучно, се наведува дека САД како свој придонес во тој фонд ќе ги сметаат сите „материјални и финансиски придобивки“ дадени на Украина од почетокот на инвазијата на Русија во февруари 2022 година.
Украинските власти изразија загриженост за овој дел од предлогот за време на повикот во петокот, рече лицето. Претседателот Володимир Зеленски претходно ја отфрли можноста воената помош обезбедена од САД да се смета за долг. Тој во петокот повтори дека договорот не смее да го поткопа патот на Украина кон ЕУ, бидејќи стекнувањето членство во блокот е во уставот на Украина.
Останува уште многу работа да се направи пред Киев да ги испрати своите конечни предлози за амандмани, рече лицето. Нацртот, кој не содржи никакви безбедносни гаранции за Украина, наиде на остри критики од неколку украински опозициски пратеници.
Првата вицепремиерка и министерка за економија, Јулија Свириденко, во петокот повика на прекин на „јавните дискусии“ за предлогот, предупредувајќи дека тоа може да им наштети на разговорите. Украина сака да одржи „конструктивен дијалог“ со американските партнери, напиша таа на Фејсбук.
Дискусијата доаѓа во особено чувствителен момент за Украина, откако минатомесечната жестока расправија на Овалната соба меѓу Зеленски, Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс го попречи претходниот договор, чии контури беа уште поапстрактни.
Американската администрација, исто така, го зголеми притисокот врз Киев во преговорите за ставање крај на тригодишната војна, додека нејзиниот сè поповолен став кон Москва ги вознемири европските сојузници.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...