Новиот премиер на Гренланд рече дека Доналд Трамп нема да го добие арктичкиот остров, што е прв коментар што тој го даде откако во петокот формираше влада.
„Ние не припаѓаме на никој друг“, рече Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Фејсбук, одговарајќи на најновиот коментар за преземање од американскиот претседател. „Ние сами одлучуваме за нашата иднина“, напиша тој.
Коментарите на Нилсен доаѓаат само неколку дена откако заменик-претседателот на САД, Џеј Ди Венс, беше во обиколка на американската воена база на крајниот север од островот, велејќи дека Данска „не направила добра работа во чувањето на безбедноста на Гренланд“. Данската премиерка Мете Фредериксен во саботата најави дека за неделава планира посета на Нук.
Прочитај повеќе
Зошто Доналд Трамп е опседнат со преземањето на Гренланд?
Американскиот претседател Доналд Трамп е цврсто одлучен да ја преземе контролата врз Гренланд, најголемиот остров во светот и самоуправна територија на Данска, и покрај противењето на Гренланѓаните и Данците.
27.03.2025
Климатските промени се многу реални, но се чини дека борбата против нив не е
Големиот интерес на Доналд Трамп за купување на Гренланд ги стресе геополитичките односи, но и откри една грда вистина...
21.01.2025
Трамп досега имаше ограничен успех во својот напредок бидејќи повеќето Гренланѓани не сакаат да се приклучат на САД, дури и во услови кога сакаат поголема независност од Данска. Во интервју за „Ен-би-си“ (NBC) во текот на викендот, Трамп рече: „Ќе го добиеме Гренланд. Да, 100 проценти“.
„Претседателот Трамп вели дека САД ќе го ‘добијат’ Гренланд“, напиша Нилсен во објавата. „Да бидам јасен: САД нема да го добијат тоа“.