Коментарите на Илон Маск за поддршка на трансатлантскиот трговски систем без царини се знак на милијардерска слабост и страв, изјави германскиот вицеканцелар во заминување Роберт Хабек.
Маск ја промовираше идејата како своја додека им се обраќаше на десничарските италијански политичари во Фиренца во саботата. Односите меѓу САД и Европската унија се влошуваат откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела воведе глобални царини. Хабек се приклучи на повиците за блокот да го користи своето најмоќно оружје како одмазда.
„Прочитав што рече Илон Маск – мислам дека тоа е знак на слабост, а можеби и страв“, рече Хабек на маргините на состанокот на европските министри за трговија во Луксембург додека царините на Трамп продолжија да предизвикуваат распродажба на глобалните финансиски пазари.
Прочитај повеќе
„Царинска“ паника и на Македонската берза: индексот надолу за 3.83 отсто
Црвенилото на светските берзи се прелеа и во Македонија, МБИ10 со пад од 3.83 отсто во понеделник
07.04.2025
Милијардерот Бил Акман вели дека царините на Трамп се грешка
Акман е еден од поддржувачите на Трамп
07.04.2025
Што да правите со парите додека царините ги преобликуваат пазарите?
Потрошувачите и инвеститорите се во тешка ситуација бидејќи акциите низ светот паѓаат, шансите за рецесија се зголемуваат, а се наѕираат и повисоки цени за широк опсег на производи.
07.04.2025
Царинската „табела на смртта“ на Трамп го соочува Волстрит со суровата реалност
Пазарниот пад што го предизвика Трамп минатата недела беше еден оние за во учебниците по историја.
07.04.2025
Маск има привремена улога во администрацијата на Трамп и не е директно вклучен во трговската политика. Трамп минатата недела изјави дека милијардерот најверојатно ќе ја напушти Белата куќа за „неколку месеци“.
„Тесла“ на Маск, која произведува многу од своите електрични возила во Калифорнија и Тексас, е помалку изложена од другите производители на автомобили на тарифите за автомобили на Трамп кои стапија на сила оваа недела. Но, тој рече дека „Тесла“, која има силно присуство во Кина, исто така ќе ја почувствува болката.
Индексот на милијардери на „Блумберг“ покажува дека богатството на Маск е намалено за 130 милијарди долари од почетокот на годината. Акциите на „Тесла“ изгубија половина од својата вредност од средината на декември.
Хабек рече дека Маск треба да му каже на Трамп да ја прекине трговската војна пред да зборува за каква било ситуација без царини.
„Ова е смешно и единственото толкување што го имам е дека сега тој гледа дека неговите сопствени компании, па дури и економиите ќе се распаднат поради нередот што го направија, па затоа се плаши“, рече Хабек.
ЕУ и Трамп веќе разговараа за политика на нулта царина за време на неговиот прв мандат.