Европската Унија ќе го одложи за 90 дена спроведувањето на своите контратарифи против САД поради давачките од 25 отсто што претседателот Доналд Трамп ги наметна минатиот месец за извозот на челик и алуминиум од Европа.
ЕУ ќе продолжи со тарифите што ќе погодат околу 21 милијарда евра (23,2 милијарди американски долари) вредни американски стоки, а потоа веднаш ќе ги суспендира кога ќе стапат во сила, според луѓе запознаени со ова прашање, кои зборуваа за „Блумберг“ под услов да останат анонимни.
Потегот доаѓа само неколку часа откако Трамп објави 90-дневна пауза пред да биде поставена „реципрочна“ царина од 20 отсто што ќе го погоди речиси целиот извоз на ЕУ. Таа стапка сега ќе биде 10 отсто.
Прочитај повеќе
Што се случи? Каква смисла има царинската пауза на Трамп?
Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека се паузирани сет тарифи за увоз од многу од најголемите трговски партнери на Америка.
10.04.2025
Трамп се повлече, 90 дена пауза за царините
Кина не е изземена. Трамп најави царини за оваа земја од 125 отсто.
09.04.2025
Американските царини и покрај паузата се на историски највисоко ниво
Повисоките даноци за увоз ги зголемуваат трошоците за домашните потрошувачи и бизниси и ги намалуваат реалните расположливи приходи и профитните маржи.
10.04.2025
Историски најдобар ден за милијардерите, Маск убедлив победник
Директорот на „Тесла“ го зголеми своето богатство за 36 милијарди долари бидејќи акциите на производителот на електрични возила скокнаа за 23 проценти.
10.04.2025
Оперативниот профит на „Фолксваген“ падна за речиси 40 отсто, и тоа пред американските царини
Оперативниот профит на „Фолксваген“ во првиот квартал изнесува 2,8 милијарди евра, а пред една година изнесуваше 4,6 милијарди евра.
10.04.2025
Кина со нова одмазда - царини од 84 отсто за сите американски производи
Кинеското Министерство за финансии најави дополнителни царини од 84 отсто на сите производи увезени од САД, кои треба да стапат во сила на 10 април.
09.04.2025
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека сака да им даде шанса на преговорите со САД.
„Ако преговорите не се задоволителни, нашите контрамерки ќе започнат“, напиша таа на X. „Подготвителната работа за понатамошни контрамерки продолжува. Како што реков претходно, сите опции остануваат на маса“.
Покрај царините од 25 отсто за извозот на челик и на алуминиум од ЕУ, САД ги погодија автомобилите произведени во ЕУ, како и некои автоделови, со давачка од 25 отсто. Трамп рече дека ќе објави дополнителни царини за дрвната граѓа, полупроводничките чипови и фармацевтските производи.
Трамп постојано ја напаѓа ЕУ, најголемиот трговски партнер на САД, велејќи дека таа е формирана за да ги „зафркне“ САД и дека суфицитот на блокот во трговијата со стоки е доказ за нефер однос. Според податоците на Светската трговска организација, просечната стапка на трговска пондерирана царина на ЕУ за увозот од САД била 2,7 отсто во 2023 година.
„Тие смислуваат правила и прописи што се дизајнирани само поради една причина: да не можете да го продавате вашиот производ во тие земји“, рече Трамп во текот на неделава. „И ние нема да дозволиме да се случи тоа“.