Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за кршење на велигденскиот прекин на огнот, прогласен од Владимир Путин во саботата, и го повтори неговиот предлог за продолжување на примирјето за уште 30 дена.
Зеленски рече дека руската војска се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, но сепак поединечно се обидува да напредува на некои места. Тој, исто така, наведе 59 случаи на гранатирање и пет напади од страна на руските трупи во различни области на линијата на фронтот во неделата наутро.
„Нашите војници насекаде реагираат на начинот на кој непријателот заслужува во конкретни борбени околности. Украина ќе продолжи да одговара на руските дејства“, рече Зеленски во објавата на Телеграм.
Прочитај повеќе

САД би можеле да го признаат Крим како дел од Русија
Признавањето на Крим е дел од договорот за прекин на огнот
19.04.2025

Трамп е лут на Путин поради Украина и најавува ограничувања за руската нафта
Тоа што Путин не го смета Зеленски за легитимен преговарач за мир го налути Трамп и претседателот на САД се закани со ограничувања за руската нафта
31.03.2025

Киев ќе бара повеќе американски инвестиции во економскиот договор за мир
Нацрт-предлогот на договорот ќе му даде на Вашингтон контрола врз сите големи идни инвестиции во инфраструктурата и минералите во земјата разурната од војна
30.03.2025

Трамп: Никој не можеше да го запре Путин, се надевам јас ќе можам
Трамп рече дека го познава Путин „многу добро“.
23.03.2025
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ.
„Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период“, објавил Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Путин истакнал дека руските војници, сепак, мора да бидат подготвени за можни прекршувања на примирјето од страна на Киев. Мора да бидат подготвени да одбијат секаква провокација на непријателот, секоја негова агресивна акција, нагласил рускиот претседател.
Не се прецизира дали привремениот прекин на воените дејствија се однесува само на територијата на Украина, или исто така и на руската област Курск, каде Русија се бори да ги истисне украинските сили откако тие ја преминаа границата и зазедоа делови од неа во август минатата година.
Русија засега не ги коментира тврдењата на украинската страна за прекршување на прекинот на огнот. Во текот на ноќта, ниту една од страните не пријавила напади со ракети или беспилотни летала од големи размери, кои се случувале речиси секојдневно.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...