Поранешниот претседател на Бразил, Фернандо Колор де Мелјо, треба да започне со издржување затворска казна поради пресуда за корупција и перење пари.
Колор, кој го водеше Бразил од 1990 до 1992 година како прв претседател избран од народот по воената диктатура, беше уапсен во раните утрински часови во Масејо, главен град на североисточната држава Алагоас, додека патуваше во Бразилија за да се појави во полиција, наведе неговиот адвокат во соопштението.
Неговото апсење е наредено од судијата на Врховниот суд Александар де Мораеш, кој ги отфрли жалбите на неговата пресуда од 2023 година. Врховниот суд претходно го осуди Колор на осум години и десет месеци затвор.
Прочитај повеќе
Ле Пен прогласена за виновна за проневера на европски јавни пари
Судот процени дека вкупната штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на партијата на Ле Пен вработувале луѓе во Европскиот парламент.
31.03.2025
Осуден шпион што му помогнал на кралот на луксузот да скрие афера
Еден од поранешните шефови на француската национална разузнавачка служба е осуден откако следел лица што во 2008 година го уценувале сопственикот на најголемиот светски луксузен конгломерат ЛВМХ, Бернард Арно.
12.03.2025
Додик осуден на една година затвор
Милорад Додик, претседателот на Република Српска, денеска е прогласен за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.
26.02.2025
Крипто „миксер“ осуден на 12 и пол години затвор за перење пари
Осудениот треба да врати 395 милиони долари, а ќе се конфискува и неговиот удел во паричникот вреден над 103 милиони долари
09.11.2024
Адвокатскиот тим на поранешниот претседател во соопштението од четвртокот вечер изјави дека е „изненаден и загрижен“ од наредбата на Мораеш и тврдеше дека по жалбата требало да решава целиот Врховен суд, а не еден судија. Другите членови на судот треба да одржат виртуелно гласање во текот на денешниот ден за да ја потврдат или отфрлат одлуката на Мораеш.
Колор (75) беше осуден по обвинението дека примил 20 милиони реали (3,5 милиони долари) мито од две компании поврзани со бразилската нафтена индустрија.
Тој ќе стане најновиот поранешен претседател на земјата што отслужува казна откако Бразил ja врати демократијаta. Претседателот Луиз Инасио Лула да Силва, кој претходно ја извршуваше највисоката функција во Бразил од 2003 до 2010 година, беше уапсен во 2018 година и помина 580 дена во затвор пред да бидат поништени пресудите за корупција и перење пари.
Мишел Темер беше притворен четири ноќи во 2019 година по обвинение за корупција. И Лула и Темер негираа какво било кривично дело.
Во меѓувреме, поранешниот претседател Жаир Болсонаро треба да се соочи со судење по обвиненијата дека се обидел да изврши државен удар по неговиот пораз на изборите во 2022 година од Лула, откако Врховниот суд во март едногласно гласаше за прифаќање на кривичните обвиненија против него.
Колор го победи Лула во вториот круг на изборите во 1989 година, на кои тој ветил дека ќе се бори против високоплатените државни службеници. Тој ја презеде функцијата во март 1990 година и набрзо потоа објави економски план за ограничување на инфлацијата со контроверзни мерки, како што е конфискација на штедни сметки.
Две години подоцна неговиот брат го обвини за корупција, обвинувања што тој ги негираше, но тоа предизвика големи протести и го наведе Долниот дом на Конгресот да одобри почеток на постапка за импичмент. Колор поднесе оставка во декември 1992 година, во обид да го избегне завршувањето на процесот на импичмент во Сенатот. Сепак, телото му забрани да извршува функција осум години.
Подоцна тој беше сенатор од 2007 до 2023 година. Колор се кандидира за гувернер на државата Алагоас во 2022 година, но загуби.