Индија и Пакистан се согласија на итен прекин на огнот со посредство на САД, изјави претседателот Доналд Трамп, неколку часа откако двете земји извршија напади врз меѓусебните воени бази.
„По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и непосреден прекин на огнот “, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут Сошл“.
Првиот знак за деескалација доаѓа откако непријателствата меѓу двете нуклеарно вооружени нации влегоа во четвртиот ден. Двете нации изјавија дека собориле беспилотни летала и ракети од другата страна во последните неколку дена, поттикнувајќи стравувања од целосна војна.
Прочитај повеќе
Индија и Пакистан блиску до отворена војна, утрово нападнати воени бази
Пакистан соопшти дека започнал контранапад откако индиските авиони нападнале три од неговите воздушни бази со ракети.
10.05.2025
Глобалниот подем на Индија е загрозен од конфликтот со Пакистан
Индија и Пакистан во средата се нападнаа меѓусебно со воени напади по шести пат од 1947 година, кога Велика Британија се повлече оттаму и двете нации стекнаа независност.
08.05.2025
Тензично во Азија: Индија и Пакистан разменија вооружени напади
Индија во соопштението рано денеска соопшти дека спровела „прецизен и воздржан одговор“ кој бил „дизајниран да не ескалира по природа“.
07.05.2025
Индија ги започна воените напади во средата врз, како што ги нарече, терористички цели во Пакистан како одмазда за нападот на 22 април во кој загинаа 26 цивили во делот од регионот Кашмир контролиран од Индија.
Заменик-премиерот на Пакистан, Ишак Дар, го потврди прекинот на огнот во објава на мржата X, велејќи: „Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот, без да прави компромис со својот суверенитет и територијален интегритет“.
Министерството за надворешни работи на Индија не одговори веднаш на барањето за коментар.