Предложената улога на папата Лав XIV како домаќин на мировните преговори меѓу Украина и Русија во Ватикан претставува значаен развој на настаните за првиот папа роден во САД, и тоа токму кога администрацијата на Трамп се чини дека се повлекува од водењето на преговорите.
Во минатото Ватикан помогна во арбитрирањето на деликатните прашања од дипломатијата. Но ова ризикува да го вовлече папата, кој застана на чело на верската заедница пред помалку од две недели, во нерешлив конфликт чиј крај не е на повидок.
Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Ватикан, претставен од папата, изјавил дека би бил многу заинтересиран да биде домаќин на преговорите“. Тој на социјалните медиуми додаде: „Нека започне процесот!“
Прочитај повеќе
Германија најавува нови санкции за Русија за да изнуди прекин на огнот
Германија работи со сојузниците на нов пакет санкции со кои сака да ја принуди Русија да се согласи на прекин на огнот во војната со Украина.
19.05.2025
Зеленски вели дека Украина е подготвена за разговори откако Русија ќе се согласи на примирје
„Очекуваме Русија да потврди примирје - целосно, трајно и сигурно - почнувајќи од утре, 12 мај, и Украина е подготвена да се сретне“, објави Зеленски на мрежата X
11.05.2025
Руската економија на крстопат: Дали ниските цени на нафтата можат да ги расипат воените планови на Путин?
Руската економија е погодена од тврдокорно висока инфлација (10,3 проценти) и рекордни клучни каматни стапки на централната банка (21 процент).
06.05.2025
САД и Украина потпишаа договор за ресурсите по тешки преговори
Спогодбата ќе им даде на САД привилегиран пристап до нови инвестициски проекти за искористување на природните ресурси на Украина, вклучувајќи алуминиум, графит, нафта и природен гас.
01.05.2025
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека подготовките веќе започнале и дека откако остварила телефонски разговор со Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери, очекува преговорите да започнат веднаш.
Трамп, кој вети дека ќе ја заврши војната уште на првиот ден од стапувањето на функцијата, предизвика загриженост кај европските лидери дека се повлекува од своите напори за завршување на конфликтот, оставајќи ги Украина и нејзините сојузници сами на себе. Преговорите запреа минатата недела откако рускиот претседател Владимир Путин испрати функционери од пониско ниво да се сретнат со украинската делегација во Турција.
Трамп го покани Лав, првиот американски папа, да ја посети Белата куќа.
Ватикан телеграфски ја потврди вклученоста на Светиот престол во преговорите, а папата вчера се сретна со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс. Во неделата, откако Лав ја презеде функцијата, Зеленски преку социјалната мрежа X изјави дека му се заблагодарува на Ватикан „за неговата подготвеност да служи како платформа за директни преговори меѓу Украина и Русија“.
Светиот престол помогна во посредувањето во конфликтите на глобално ниво, вклучувајќи ги и забрзувањето на нормализацијата на односите меѓу САД и Куба во 2014 година и решавањето на територијалниот спор меѓу Чиле и Аргентина во 1978 година, што ги доведе двете земји на работ на војна. Исто така, Ватикан беше активен и во обидите за постигнување мир меѓу Израел и Палестина.
Италија е подготвена да биде домаќин на преговорите доколку е потребно, иако не беше сигурно дека ќе се одржат, а згора на тоа зависат од отклучувањето на руската позиција, сметаат дипломати запознаени со ова прашање. Некои проблеми остануваат, што потенцијално ја одвраќа Русија од учество: Италија беше силен поддржувач на Киев во текот на целата војна и исто така воведе санкции врз Русија заедно со остатокот од Европа.
Што велат економистите на „Блумберг“?
„И покрај описот на американскиот претседател Доналд Трамп дека вчера имал ‘одличен’ разговор со рускиот претседател Владимир Путин, повикот не донесе очигледен напредок во врска со Украина“.
„Останува нејасно дали ова сигнализира вистинска промена во ставот на Кремљ или континуиран напор за одложување на разговорите додека руските сили се обидуваат да освојат повеќе територија во Украина: првото е помалку веројатно од второто“, вели Алекс Кокчаров од „Блумберг економикс“.
Важно е да се напомене дека и Рим е дел од Меѓународниот кривичен суд, што значи дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин би можела да предизвика апсење.
Портпаролот на Ватикан не одговори на барањата за коментар во врска со ова. Државната руска новинска агенција „Тасс“ објави дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рекол дека Москва е свесна за понудата, но дека не е донесена никаква одлука.
Сигналот на Трамп дека би можел да се повлече од процесот ги загрижи Европејците, кои се плашат дека тој му дозволува на Путин да купува време.
„Мислам дека ќе се случи нешто, а ако не се случи, јас едноставно се повлекувам и тие ќе мора да продолжат“, рече Трамп во Белата куќа по разговорот со Путин. „Ова е европска ситуација. Требаше да остане европска ситуација“.
Во неделата Мелони во Рим ги пречека Венс и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за да разговараат за трговијата и безбедноста, што е нивна втора средба откако Трамп се врати на власт во услови на затегнати односи. Мелони рече дека разговорите биле „конструктивни“ и дека се надева дека тие ќе го означат почетокот на новата ера во дипломатијата меѓу САД и ЕУ.