Израел го обвини Иран за прекршување на примирјето што рано утрово го најави претседателот на САД, Доналд Трамп, а коешто требаше да значи крај на дванаесетдневната војна.
Само неколку часа по објавата на Трамп, Израел соопшти дека премиерот издал наредба на својата војска „силно да одговори на иранското кршење на примирјето со моќни напади на целите на режимот во самото срце на Техеран“.
Иран уште јавно не се огласи дали го прифаќа примирјето.
Прочитај повеќе

Иран испука ракети кон американска воздухопловна база во Катар
Портпаролот на американската влада штотуку потврди дека нема извештаи за жртви во базата Ал Удеид.
23.06.2025

Воена економија: Израелски стартапи против рафинерии на ајатолахот
Израел, со целосна доминација над небото, тактички ја контролира ситуацијата, но што вели економијата за исходот од војната?
23.06.2025

Трговците со опции на Волстрит збунети: што после нападите на САД врз Иран?
Поради измешаните пораки од пазарот, трговците со опции не знаат како да се однесуваат
23.06.2025

Биткоинот падна под 100.000 долари откако САД го нападнаа Иран
Биткоинoт падна под 100.000 долари за првпат од мај, а етерот нагло се намали...
23.06.2025

Златото под притисок додека светот чека одговор од Иран
Златото благо опадна, поништувајќи го претходниот раст, додека светот чека одговор од Иран откако САД му се приклучија на Израел во нападот врз Исламската Република.
23.06.2025

Брифинг на Пентагон: Какво оружје беше користено во операцијата „Полноќен чекан“
За прв пат се употребени бомбите за пробивање бункери
22.06.2025
„На сила сега е прекин на огнот“, напиша Трамп околу 9:10 часот наутро според временската зона на Дубаи на социјалната мрежа Трут. „Ве молиме немојте да го прекршувате!“.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху набргу потоа потврди дека Израел го прифаќа примирјето и изјави дека неговата земја веќе ги постигнала воените цели во Иран.
Изјавата на Нетанјаху доаѓа откако Техеран утринава испука неколку бранови ракети врз Израел. Израел, пак, повторно изврши напади врз Иран.
Примирјето кое го најави Трамп следува по синоќешните настани кога Техеран возврати на американскиот напад од викендот, истрелувајќи ракети кон американска воздушна база во Катар. Потегот на Исламската Република бил најавен — Катар и САД биле предупредени однапред — и немало жртви.
Американскиот претседател Доналд Трамп потоа изјави дека прекинот на огнот помеѓу Иран и Израел е веќе во сила, и тоа само неколку моменти откако израелските служби за итни случаи соопштија дека најмалку три лица биле убиени од иранските напади.
„ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ Е ВО СИЛА,“ напиша Трамп околу 9:10 часот наутро по време во Дубаи на социјалната мрежа Трут сошл. „ВЕ МОЛАМ НЕ ГО ПРЕКРШУВАЈТЕ!“ Трамп уште напиша дека прекинот на огонот е потврден од двете земји. „Под претпоставка дека сè ќе функционира како што треба, што и ќе функционира, би сакал да им честитам на двете земји, Израел и Иран, за тоа што имаат издржливост, храброст и интелигенција за да го завршат она што треба да се нарече „12-ДНЕВНА ВОЈНА“. |
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...