Претседателот на САД Доналд Трамп поднесе тужба за клевета против „Дау Џонс“, компанијата која го поседува „Волстрит џурнал“ и нејзиниот сопственик Руперт Мардок.
Тужбата е поднесена еден ден откако „Волстрит џурнал“ објави сторија во која се тврди дека Трамп некогаш му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн.
Тужбата на Трамп е вредна 10 милијарди долари, а е поднесена за клевета и кршење на законите за клевета поради написот во кој се тврди дека Трамп му испратил „непристојна“ порака на сексуалниот престапник Џефри Епстин.
Прочитај повеќе
Нова серија документи за Епстајн со детали за злоупотребата на малолетни девојки
Во четвртокот беше објавена нова серија досега запечатени документи.
05.01.2024
Објавени доверливи документи за Џефри Епстајн со имиња на над 150 соработници
Неколку претходно доверливи документи поврзани со Џефри Епстајн станаа јавни во федералниот суд во Њујорк.
04.01.2024
Според весникот, Трамп му испратил роденденска честитка на покојниот финансиер во 2003 година, за неговиот 50. роденден, пред Епстин да биде обвинет за сексуални злосторства. Трамп тврди дека пораката е „лажна“.
„Штотуку поднесовме моќна тужба против сите вклучени во објавувањето на лажниот, злонамерен, клеветнички напис во бескорисниот партал, каков што е ‘Волстрит џурнал’“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Трамп уште додаде дека весникот и Мардок биле предупредени дека ќе добијат тужба доколку го објават текстот.
Портпаролот на „Дау Џонс“ изјави дека компанијата стои зад точноста на своето известување.
„Имаме целосна доверба во темелноста и точноста на нашето известување и енергично ќе се браниме од каква било тужба“, се вели во соопштението.