Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во понеделник ќе отпатува во Вашингтон за да се сретне со својот американски колега Доналд Трамп за да разговараат за крај на руската инвазија.
„Украина уште еднаш потврдува дека е подготвена продуктивно да работи за постигнување мир“, рече Зеленски во објава на социјалните мрежи по днешниот телефонски разговор со Трамп. „Ние го поддржуваме предлогот на претседателот Трамп за одржување трилатерален состанок Украина-САД-Русија“.
Сепак, Зеленски повтори дека и Европа треба да биде дел од разговорите.
Прочитај повеќе
„Исклучително продуктивна“ средба меѓу Трамп и Путин, но сè уште нема договор
Американскиот претседател Трамп го нарече својот состанок на Алјаска со рускиот колега Путин продуктивен, но посочи дека патот за завршување на војната сè уште не е финализиран.
16.08.2025
Трамп и Путин се возеа сами со лимузина пред состанокот - ќе има ли крај на војната
Доналд Трамп и Владимир Путин се среќаваат во Алјаска, на средба што би можела да го одреди текот на војната во Украина, со учество на високи американски и руски претставници.
15.08.2025
Трамп и Путин во Алјаска - како се обликуваше нивната необична врска?
Претседателите на САД и Русија се среќаваат за првпат по седум години, а односот што го изградиле со текот на годините е невообичаено интимен.
15.08.2025
Алјаска како тврдина: Тајната служба во полна готовност за средбата Трамп–Путин
Енкориџ е под силни безбедносни мерки за историската средба Трамп–Путин, со стотици агенти, затворени улици и воената база како централно место на самитот.
15.08.2025
Комплименти од Путин, скромни очекувања од Трамп пред најважната средба во светот
Светот го очекува самитот Путин–Трамп, но економијата за Путин е поважна од мирот. Трамп без еуфорија, ја гледа Алјаска како место и за втора средба.
15.08.2025
Средбата меѓу Путин и Трамп во Алјаска како ладен туш за ЕУ и Украина
Кога Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска в петок, на 15 август, за да преговара за крај на војната во Украина, тоа беше голем шок за многу набљудувачи, како и за некои европски лидери.
13.08.2025
Трамп ја потврди посетата на украинскиот претседател на Вашингтон во објава на Трут сошал и рече дека може да се закаже средба со Путин и Зеленски „доколку сè се одвива како што треба“.
Bloomberg Mercury
Освен Зеленски, денеска и европските лидери разговараа со Трамп додека американскиот претседател се враќаше од состанокот во Алјаска со Путин, што се одржа доцна синоќа по наше време, а кои не успеаја да донесат решение за прекин на војната која трае веќе три и пол години.
Трамп рече дека иако Украина е таа што треба да одлучи што да прави со својата територија, ставот на Путин не се променил - тој сè уште сака Киев да ја отстапи контролата врз целиот регион Донбас на истокот од Украина, според луѓе запознаени со ова прашање кои зборуваа под услов на анонимност.
Зеленски постојано ја отфрла можноста да се откаже од цел Донецк и Луганск, кои московските сили ги контролираат само делумно и досега не успеаја воено да ги преземат. Русија ќе престане да ги промовира своите претензии врз деловите од Запорожје и регионот Херсон што сега не ги контролира, ефикасно замрзнувајќи ги бојните линии таму, рекоа луѓето.
Трамп им рекол на европските лидери дека е подготвен да се заложи за гаранции за безбедноста на Украина сè додека тоа не го вклучува НАТО, додадоа тие. Претседателот сугерираше дека Путин би бил во ред со тоа, рекоа луѓето.
Bloomberg
Американскиот претседател во објавата рече дека неговата средба со Путин и повикот со Зеленски поминале „многу добро“. Трамп напиша дека „сите одлучиле“ дека најдобриот начин да се стави крај на војната е да се постигне мировен договор, а не само договор за прекин на огнот.
Ваквиот сплет на настани следува откако Трамп го префрли тежиштето за крај на воениот спор на украинскиот претседател по тричасовната средба што претходно ја оствари со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска. Тој иако ја окарактеризира средбата како исклучително продуктивна, сепак рече дека нема договор додека не се постигне договор, напоменувајќи дека ќе разговара со Зеленски и дека ќе иницира заедничка трилтерална средба.