text size
Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social).
Чарли Кирк, истакнат конзервативен активист близок до поранешниот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Турнинг поинт САД“ (Turning Point USA), беше застрелан за време на јавен настап на Универзитетот Јута Вали (Utah Valley). Инцидентот се случил како дел од турнејата „Американ камбек тур“ (American Comeback Tour), организирана од локалниот огранок на TPUSA. Според најновите информации, неговата состојба е критична.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека Кирк бил застрелан во вратот а во исто време, додека се слушаат истрели, почнува и студентската паника. Универзитетската полиција потврди дека осомничениот е уапсен, а ФБИ соопшти дека истражува.
„Околу 12:25 часот, се слушна истрел во дворот на кампусот, директно пред студентската кафетерија“, изјави портпаролот на универзитетот Скот Тротер. Тој додаде дека кампусот е затворен до крајот на денот.
Конгресменот Џејсон Чафез, кој присуствуваше на настанот, го опиша моментот како „шокантен“ и забележа дека куршумот се движел „директно кон Кирк“. Тимот на Кирк потврди за „Фокс њуз“ дека е ранет, но дека не е позната неговата состојба.
Според најновите информации, универзитетската полиција уапсила осомничен за пукањето. Потврдено е дека Кирк бил застрелан и дека бил однесен од местото на настанот од страна на неговото обезбедување.
Кој е Чарли Кирк?
Чарли Кирк, американски конзервативен активист и основач на Turning Point USA, стана едно од најпрепознатливите лица на десницата меѓу младите. Роден во Илиноис во 1993 година, тој се откажал од колеџ и ја изградил својата кариера на кампусите и социјалните медиуми.
Неговата блискост со Републиканската партија и претседателот Доналд Трамп ја зацврсти позицијата на TPUSA како главен канал за мобилизирање на младите конзервативни гласачи. Кирк е чест гостин во медиумите и иницијатор на настани што често предизвикуваат контроверзии во јавноста. Критичарите го обвинуваат за поларизација и ширење дезинформации, додека поддржувачите го гледаат како лидер на новата генерација конзервативци. Тој, исто така, води подкаст и гради свој бренд преку силно присуство на дигиталните платформи.
За време на неговите активистички и политички активности, тој соработувал со бројни движења на американската конзервативна сцена, како што е „Tea party“. Член на младата генерација конзервативци, тој е влијателен на социјалните медиуми, неговите видеа од говори имаат милиони прегледи на Јутјуб и е чест гостин на подкасти.