text size
Санкциониран танкер што превезува руска нафта се приближи до индиско пристаниште управувано од „Адани груп“ (Adani Group) и најверојатно ќе биде еден од последните бродови на „црната листа“ што ќе истовари нафта во објектите на конгломератот откако стапи во сила забраната.
„Спартан“ (The Spartan), танкер од класата „Суецмакс“ (Suezmax) со товар од околу еден милион барели сурова нафта уралс (Urals), во неделата се наоѓаше кај пристаништето Мундра, во близината на офшор точката за истовар на рафинеријата „ХПЦЛ-Митал енерџи“ (HPCL-Mittal Energy Ltd.), покажуваат податоците за следење бродови што ги објавија „Блумберг“, „Кплер“ (Kpler) и „Вортекса“ (Vortexa).
Бродот беше санкциониран минатата година од Европската Унија и Обединетото Кралство за наводно помагање во олеснување на извозот на руска нафта.
Прочитај повеќе
Пад на цената на нафтата додека трговците ги проценуваат ризиците за снабдувањето
Цената на нафтата падна по четиридневен раст, додека инвеститорите ги мерат ризиците од снабдувањето, од царините за Индија и од политичките потреси во Фед.
26.08.2025
Индискиот златен триаголник: Од милијардери и гламур до сурова сиромаштија
Индија – земја на милијардери и гламур, но и на сурова сиромаштија, каде што боите, вкусовите и контрастите оставаат еднакво силен впечаток врз секој патник.
05.09.2025
Моди ги зацврстува врските со Кина и Русија спротивно на ставот на Трамп
Индискиот премиер Нарендра Моди допатува во Кина по седум години да ја зацврсти соработката. Истовремено, обезбеди и јапонски инвестиции како одговор на царинскиот притисок од Трамп.
01.09.2025
Трамп воведе 50 отсто царини за Индија, ги наруши односите со Моди
Царините од 50 отсто отворија нова фаза на несогласувања меѓу САД и Индија, отворајќи пат за нови геополитички сојузи на Њу Делхи.
27.08.2025
Минатата недела, „Адани“ официјално им забрани на бродовите санкционирани од ЕУ, Велика Британија или САД да влегуваат во пристаништето Мундра, наведува извештајот на „Икономик тајмс“ (Economic Times), кој се повикува на упатството од 11 септември. Забраната веднаш стапи во сила, но не важи за бродовите што веќе биле на пат кон пристаништето, соопшти во понеделникот портпарол на „Адани портс“ (Adani Ports and Special Economic Zone Ltd.).
Санкционираниот танкер забележан кај точката за истовар во пристаништето на Адани
Купувањата руска сурова нафта од страна на Индија во последниве недели се под силен надзор, откако претседателот Доналд Трамп воведе високи царини врз земјата поради нејзината улога во трговијата. САД планираат дополнително да го зголемат притисокот и ќе ги повикаат своите сојузници од Групата 7 да воведат давачки и до 100 отсто за Њу Делхи и Пекинг поради нивните нафтени трансакции со Москва, со цел да се стави крај на војната во Украина.
Во првите осум месеци од годинава Мундра примало околу 180.000 барели дневно руска сурова нафта, објави „Вортекса“ (Vortexa), во споредба со вкупните испораки кон Индија од 1,6 милион барели дневно. Нафтата што се истовара во пристаништето се доставува до рафинериите со кои управуваат државната „Индијан оил“ (Indian Oil Corp.) или ХМЕЛ.
Оттаму досега нема коментар.
„Ситрин Марин СПЦ“ (Citrine Marine SPC) и „Нова Шипменџмент ЛЛЦ-ФЗ“ (Nova Shipmanagement LLC-FZ) се наведени како регистриран сопственик, односно менаџер на „Спартан“, во поморската база на податоци „Екуазис“, која не обезбедува телефонски броеви или контакт-мејлови за овие субјекти.
„Адани груп“, предводена од милијардерот Гаутам Адани, моментално е под лупа на американските власти на повеќе фронта, вклучувајќи и истрага на Министерството за правда за тоа дали некоја од компаниите на „Адани“ била вклучена во увоз на ирански течен нафтен гас, што би претставувало прекршување на американските санкции.