Кристин Лагард ги отфрли шпекулациите дека има амбиции да стане следниот претседател на Франција.
„Мислам дека тоа е ужасна работа – и мора да бидеш некако создаден за такво нешто, а мислам дека јас навистина не сум“, изјави шефицата на Европската централна банка во поткастот „Финансиски лидери од академската заедница“ (College Leaders in Finance), одговарајќи на прашањето дали би ја прифатила таа функција.
Нејзиниот осумгодишен мандат во Франкфурт трае до октомври 2027 година. Мандатот на Емануел Макрон како претседател на Франција завршува истата година, но неколку месеци порано.
Прочитај повеќе
ЕЦБ завршува со намалувањето на каматните стапки
Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Габриел Маклуф, изјави дека циклусот на намалување на каматните стапки е при крај.
29.09.2025
Лагард: Обидот на Трамп за контрола врз Фед е закана за светската економија
Може ли политиката да ја урне економијата? Претседателката на ЕЦБ вели да, ако Фед падне под притисок.
01.09.2025
Лагард: Независноста на централната банка е од суштинско значење
Кристин Лагард предупреди дека мешањето на владите во одлуките за каматни стапки може да предизвика нефункционалност и нестабилност во економиите на државите.
25.08.2025
Странските работници го спасуваат европскиот пазар на труд
Европскиот пазар на труд остана стабилен и покрај инфлацијата и каматните шокови, а клучната улога во тоа ја одиграа странските работници, смета претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.
24.08.2025
Лагард: Време е за глобално евро, потребна е решителност
За да ја искористиме оваа можност мораме да делуваме одлучно како обединета Европа
17.06.2025
„Тоа не значи дека не сакам да ѝ служам на својата земја, ниту дека не сакам да ѝ служам на Европа. Не значи дека ќе бидам себична кога ќе се повлечам, но мислам дека тоа е исцрпувачка работа за која треба да си малку луд за да ја посакаш“, рече Лагард во интервјуто што беше емитувано во неделата.
На прашањето како се чувствува што ја поврзуваат со највисоката политичка функција во Франција, таа рече: „Чувството е многу убаво, покажува дека луѓето имаат доверба во мене. Прекрасно е, навистина е ласкаво, но морам да бидам внимателна и трезвено да ги согледам своите ограничувања“
Запрашана за нејзините планови по завршувањето на мандатот во ЕЦБ, Лагард одговори неодредено.
„Постојат многу други работи што би сакала да ги правам“, рече таа. „Не би го нарекла пензионирање. Но тоа би било нешто поинакво, можеби повеќе поврзано со она што навистина ме интересира и ми е важно. Не се гледам како седам пред телевизор или патувам без некоја цел – тоа едноставно не е за мене.“
Сепак, таа призна дека очекува да има „повеќе време за себе“, како и „за внуците и за семејството, кои не ги гледа доволно“, додаде таа.