Американскиот претседател Доналд Трамп ја искористи еднодневната турнеја низ Израел и Египет за да ги прими пофалбите од лидерите во регионот и да претстави визија за поширок мир на Блискиот Исток, по успехот на посредничките напори на САД што доведоа до прекин на борбите во Газа.
Но сега следува многу потешкиот дел.
Во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, Трамп го потпиша т.н. договор за Газа, за кој рече дека му биле потребни 3.000 години да се постигне. Потоа застана пред повеќе од десетина лидери што ги собра на самото место и одржа говор во предизборен стил, напаѓајќи го својот претходник Џо Бајден, па дури и некои од присутните.
Прочитај повеќе
Трамп патува на Блискиот Исток, се очекува ослободување на заложниците на Хамас
Под будното око на Доналд Трамп, денеска почнува ослободувањето на заложниците од Хамас – првата фаза на кревкиот мировен договор меѓу Израел и Палестинците.
13.10.2025
Главното кинеско оружје во трговската војна со САД - батерии
Кина можеби се соочува со ограничувања за пристап до напредни чипови од САД, но токму енергијата е најголемото „тесно грло“ за американската ИТ инфраструктура...
12.10.2025
Неделен преглед: Нобеловата награда му избега на Трамп, но мирот на Блискиот Исток е на дофат
Ова се најзначајните настани на неделата
11.10.2025
Планот на Трамп во 20 точки за ставање крај на војната во Газа
Новата Газа треба да стане зона без тероризам, со технократска власт, меѓународна стабилизациска сила и економска зона што ќе ги поттикне развојот и мирот.
09.10.2025
Доналд Трамп и агресивната кампања за Нобеловата награда за мир
Претседателот изјави дека тоа би било „голема навреда“ за САД доколку не победи. Во Норвешка стравуваат од одмазда доколку тој биде разочаран.
05.10.2025
„Вие сте мои пријатели, големи луѓе“, им рече Трамп на собраните лидери. „Има неколкумина што не ги сакам особено, но нема да ви кажам кои се.“
И покрај тонот на неговиот настап, дури и неговите критичари признаа дека станува збор за заслужен триумф, бидејќи успеа да постигне мировен договор што остана недостижен за неговиот претходник и за другите присутни. Колку и да е кревок мирот, Трамп успеа да го натера Хамас да ги ослободи преостанатите заложници и да го убеди Израел да ја запре разорната воена кампања во Газа.
Bloomberg
Необичниот собир, пак, може да се протолкува и како мелем за повреденото его на Трамп, кој минатата недела не успеа да ја добие Нобеловата награда за мир – награда за која јавно лобираше. Во еден момент од понеделничката прослава, видно расположен, тој со шега го спомена исходот: „О, Норвешка, ај, јај, јај… што се случи, Норвешка?“
Трамп беше во целосен фокус на вниманието, претворајќи ги лидерите од повеќе од 20 земји и меѓународни организации во публика, откако ги убеди сите да допатуваат за да присуствуваат на многу краткиот самит.
Но, зад сликите со знаменца од целиот свет и принудните насмевки на колегите лидери, се кријат амбициозни цели. Колку и да беше важно постигнувањето на договорот за ослободување на заложниците и запирањето на израелската офанзива врз Хамас, следните чекори ќе бидат уште потешки.
Во говорот пред израелскиот парламент во Ерусалим, Трамп го прогласи „историското раѓање на новиот Блиски Исток“ и со самоувереност изјави дека постигнување мировен договор со Иран – земја со која Израел водеше 12-дневна војна во јуни, пред САД да ја нападнат со повеќе бункер-бомби – ќе биде „лесно“.
„Претседателот одамна има склоност кон претерување, а тоа повторно го видовме денес“, изјави Џонатан Паников од Програмата за Блискиот Исток при Атлантскиот совет. „Предизвиците за поширок мировен договор се неверојатно големи.“
Во својот говор во Израел, Трамп седум пати ги спомена Абрахамовите договори – спогодбите од неговиот прв мандат што ги нормализираа дипломатските односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан. Трамп одамна сака да ги прошири тие договори на уште повеќе држави, цел што активно се следеше меѓу Израел и Саудиска Арабија пред терористичките напади од 7 октомври 2023 година.
Но долготрајните тензии остануваат тешки за надминување. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во еден момент одби да учествува на самитот во Египет поради можноста за присуство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чија влада ја обвини за геноцид. На крајот, Нетанјаху не присуствуваше – поради еврејски празник.
Bloomberg
Трамп, пак, во понеделникот постојано му се восхитуваше на Ердоган.
„Не се разбирам со слабите, туку со силните. Не знам зошто е така, но Ердоган е одличен со мене“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион на пат кон Вашингтон.
„Знаете, кога НАТО има проблем со Ердоган – што често се случува – тие ме повикуваат да разговарам со него, и секогаш успевам да го решам веднаш.“
Церемонијата во понеделникот означи историски момент на деескалација меѓу Израел и Хамас. Но патот за спроведување на најтешките точки од мировниот план на Трамп за Газа – како разоружувањето на Хамас – остана нејасен, иако Трамп уверуваше дека ќе се случи тоа.
Тој исто така изрази сомнеж околу уште една точка од планот – назначувањето на поранешниот британски премиер Тони Блер во Одборот за мир, кој самиот Трамп ќе го предводи. Претседателот изјави дека треба да се увери дали Блер е прифатлив за сите, иако неговото име беше наведено во документот објавен од Белата куќа пред две недели.
Трамп нема да чека долго пред повторно да се соочи со предизвик што досега се покажал како тврд орев и за неговите преговарачки способности. Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да ја посети Белата куќа в петок, додека Трамп се обидува да стави крај на војната меѓу Украина и Русија.
Трамп вети во текот на кампањата во 2024 година дека ќе стави брз крај на војните во Украина и Газа. Но мирот бара спроведување и доследност што одат подалеку од почетните примирја и звучните изјави, рече Брајан Катулис од Институтот за Блискиот Исток.
„Не можеш да го постигнеш тоа само со гласни изјави што привлекуваат внимание“, рече тој. „Мора навистина да се сработи.“